Франција привремено ги затвори своите граници кон Велика Британија поради новиот вид на корона вирус кој се шири во Британија, објавува порталот trans.iNFO, потенцирајќи дека се затворени и евротунелот и пристаништето Довер.

Затворањето на границата ќе трае 48 часа и има за цел да им обезбеди на властите време да одлучат какви мерки треба да се преземат за да се решат заканите од новиот вид на мутиран корона вирус кој се пренесува многу побрзо.
Другите земји во Европа исто така воведоа забрани за авионски патувања од и кон Велика Британија, но не го блокираа сообраќајот на патишта за транспорт.
На превозниците им се препорачува да најдат други патишта кон ЕУ, бидејќи влезот за комбиња и камиони е забранет.

Во меѓувреме, премиерот на Велика Британија Борис Џонсон денеска ќе претседава со вонредниот состанок на владата за да се најде решение за проблемите што произлегуваат од затворањето на границите и новиот вид коронавирус.