Франција ќе ги национализира стратешките компании, доколку е потребно, за да ги заштити од негативните ефекти од кризата со корона вирусот, вели министерот за економија на Франција, Бруно Ле Мер.
Ле Мер изјави дека му испратил на претседателот Емануел Макрон список на „стратешки компании кои можат да бидат во опасност на пазарот“.
„Ќе бидеме подготвени да ги искористиме сите расположиви средства за да ги заштитиме овие компании дали преку зголемување на сопственичките удели на француската држава , дали со докапитализација или преку национализација како крајна опција“, рече Ле Мер.
“Ова не значи дека предлагам државата да управува со економијата”, истакна министерот.
Доколку се појави потреба од национализација, вели Ле Мер,тоа ќе биде привремено. “Но, државата е одговорна за заштита на водечките и стратешките индустриски компании “, потенцира тој.
На 17 март, Франција воведе строги мерки за изолација за ограничување на ширењето на коронавирусите. Експертите проценуваат дека мерките најверојатно ќе останат во сила до крајот на април.
Бирото за статистика на Франција минатата недела извести дека економската активност е 35% под нормалното. Проценките се дека секој месец блокада ја чини економијата околу 3% од годишниот бруто-домашен производ (БДП).