Светските цени на храната се зголемија во мај со најбрза месечна стапка во повеќе од една деценија, со 12-то последователно месечно зголемување, достигнувајќи го највисокото ниво од септември 2011 година, соопшти денеска агенцијата за храна на Обединетите нации, ФАО.

ФАО, исто така, ја објави својата прва прогноза за светското производство на житни култури во 2021 година, предвидувајќи производство од скоро 2,821 милијарди тони – нов рекорд и 1,9% повеќе од нивото на 2020 година.

Индексот на цените на храната на Организацијата за храна и земјоделство, кој ги мери месечните промени за кошницата со житарици, маслодајни семе, млечни производи, месо и шеќер, во просек минатиот месец изнесуваше 127,1 поен, наспроти 121,3 поени во април.

На годишно ниво, цените во мај пораснаа за 39,7% во споредба со мај минатата година.

Индексот на цените на житните култури на ФАО порасна за 6,0% во мај на месечно ниво и за 36,6% во споредба со мај претходната година. Растот го предводеше пченката која сега е поскапа за 89,9% над нивната претходна вредност. Сепак ФАО соопшти дека цените паднаа назад на крајот на месецот мај, заради подобрените изгледи за производство во Соединетите држави.

Индексот на цените на растителното масло скокна за 7,8% во мај

Индексот на шеќер забележа раст од 6,8% месечно, додека индексот на месото се зголеми за 2,2% во споредба со април, заради побрзото темпо на набавка од страна на земјите од источна Азија, главно Кина.

Цените на млечните производи се зголемија за 1,8% на месечно ниво и 28% во однос на една година порано.