Хрватската фармецавтска компанија Плива 2019 година ја заврши со рекордни приходи од 672 милијарди евра (5 милијарди куни), од кои 90% од извоз, изјави извршниот директор на Плива, Михаел Фурјан.
„Можеме да бидеме задоволни од оваа година затоа што ги зголемивме нашите приходи за скоро 134 милиони евра. Ова е резултат на раст на продажбата, но и на раст на еднократни приходи, бидејќи продадовме, односно комерцијализиравме дел од развојните проекти “, изјави Фурјан.
Во 2020 година, Плива очекува умерен раст во деловното работење и на побарувачката на странските пазари. “Нашите очекувања ги засноваме на се поголемата побарувачка за лекови во целиот свет. Плива Хрватска во групацијата на компанијата Тева е позната и по тоа што на пазарот лансира најмногу нови производи меѓу сите 60 локации на Тева во светот”, рече Фурјан.
Од извозните пазари, Плива продолжува да биде главниот американски пазар, генерирајќи приходи од околу 1 милијарди HRK, а исто така работи и на голем број други пазари, вклучувајќи го и новиот јапонски.
САД и понатаму ќе остане нејголем извозен пазар на Плива, каде остварува околу 135 милиони евра приходи.
Плива има 2.350 вработени, чиј број ќе расте во зависност од побарувачката.
Фармацевтската индустрија во Хрватска е една од најсилните индустрии со најголем раст на извозот во споредба со останатите индустрии во последните неколку години.