Хрватската компанија Nanobit станува дел од шведската групација Stillfront, една од водечките светски компании за игри во сегментот за бесплатно играње, објавија од хрватската компанија Nanobit.
Вкупната сума што Stillfront ќе ја плати на крајот на трансакцијата ќе изнесува 148 милиони долари.
Трансакцијата ќе се спроведе во две транши, а „Стилфронт“ првично купи 78% од акциите за 100 милиони долари. По две години, Stillfront ќе го купи преостанатиот удел во Nanobit по цена што ќе зависи од движењата на EBITDA во финансиските години 2021 и 2022 година.
Stillfront е водечка компанија за бесплатни игри што обединува 14 гејмерски студија ширум светот. Тие вработуваат повеќе од 800 лица, а главните пазари се САД, Германија, Средниот исток и Северна Африка и Франција и Канада.
Со седиште во Стокхолм, компанијата е јавно котирана на NASDAQ.
Nanobit е компанија основана пред 12 години во Загреб од Алан Сумина и Зоран Вучиниќ без капитал, без канцеларија и со само два компјутери. Денес, Nanobit е присутна со своите игри во повеќе од 150 земји во светот, вработувајќи 125 лица.
Денес, Загреб е глобален центар на една од најбрзо растечките индустрии во светот, посочуваат Алан Сумина и Зоран Вучиниќ од Nanobit.
“Индустријата за мобилни игри расте брзо и се глобализира, и ако сакаме да останеме број 1, мора да одиме напред. Со приклучување кон групата Stillfront, Nanobit добива дополнителен интензитет што ќе ни овозможи да продолжиме да растеме, развивајќи нови амбициозни планови и проекти. Сосема е природно, со оглед на дека сме во позиција да избереме стратешки партнер, да го избереме оној што се вклопува во нашата култура и долгорочна визија. Сите оние квалитети што ги негуваме внатрешно – претприемачки дух, независност и иновативност- ги видовме во раководството на групата Stillfront. Се радуваме на соработката со останатите успешни студија кои се дел од Stillfront, што дополнително ќе го забрза развојот и на Nanibit и на Stillfront, а нашите вработени ќе имаат можност да работат со најдобрите во светот “, велат Алан Сумина и Зоран Вучиниќ.
Неодамна Nanobit беше прогласена за една од нејбрзорастечките фирми во Европа. Сите приходи компанијата ги остварува од извоз на странски пазари. Имаат повеќе од 2,5 милиони корисници на месечно ниво, а нивните апликации и игри се симнати повеќе од 55 милиони пати. Меѓу најпознатите игри кои ги имаат направено се Restaurant Town, Happy Zoo, Fashion Studio, Dragon Legends, Superstar Life, Knight Raiders и Chef Town.
Седиштето на Nanobit останува во Загреб, а компанијата ќе продолжи да ги спроведува амбициозните планови за развој и во иднина.
„Со стекнување талентираниот тим во Nanobit, Stillfront се шири во жанрот за наративни лајфстајл игри , дополнително зајакнувајќи го своето портфолио за игри и зголемувајќи го опсегот со играчка публика. Во текот на изминатите 12 години, Алан и Зоран, заедно со нивниот тим во Nanobit, изградија импресивно студио за игри со солидна ниша во возбудливиот жанр на игри и со нетрпение очекуваме да работиме со нив за да ја однесеме компанијата на следното повисоко ниво. Гледаме силен потенцијал за раст во иднина, вклучително и ветувачки нови игри во развој “, рече Јирген Ларсон, извршен директор на Stillfront.
Извор: Seebiz