Хрватски Орбико ќе стартува две дигитални платформи за B2B продажби во Полска и Унгарија

Хрватската компанија Орбико, која е меѓу најголемите приватни компании и дистрибутери на глобални брендови во регионот на Централна и Југоисточна Европа, ќе стартува две дигитални платформи за B2B продажби на почетокот на 2021 година во Полска и Унгарија.
Станува збор за дигитални платформ за продажба и дистрибуција на козметика и производи за широка потрошувачка.
Компанијата Орбико, во сопственост на Бранко Роглиќ, е во процес на комплетна информатичка консолидација со цел да одговори на високиот раст на онлајн трговијата и сеприсутната дигитализација, која особено се забрза со пандемијата на Ковид 19.

Во рамки на групацијата Орбико работат над 8.000 лица во 20 европски земји

Процесот на ИТ кондолидација е поддржан од хрватски ИТ компании, но и од најголемите глобални играчи – САП и Мајкрософт, како и од локални технолошки компании од одредени пазари каде што работи.

Компанијата Орбико, која годинава очекува да заработи околу 2,35 милијарди евра, а на крајот на 2021 година има за цел заработка од 3 милијарди, ќе се обиде да ги зголеми вкупните приходи преку нови ИТ канали на продажба.

 

Извор: Poslovni.hr