Царинската управа во 2020 година ќе претседава со ЦЕФТА подкомитетот за царини и потекло

Во 2020 година Царинската управа на Република С. Македонија ќе претседава со ЦЕФТА поткомитетот за царина и потекло на стоки.

Главни приоритети на македонското претседателство се бидат олеснување на трговијата со стоки и меѓусебно признавање на овластувањата за Овластен економски оператор (ОЕО) во рамки на ЦЕФТА, поголема интеграција на ЦЕФТА пазарот со пазарот на Европската унија (ЕУ) и промовирањр на прекуграничната е-трговија.

Овие приоритети во изминативе денови во Брисел беа презентирани пред ЦЕФТА страните, меѓународните организации и донатори, како и пред Европската Комисија.