Царинската управа на Република Северна Македонија и оваа година се вклучи во одбележувањето на 26-ти јануари, Меѓународниот ден на царината.
Oвој пат, за разлика од останатите, овој ден e посветен на здружените напори на Царината насочени кон излез од кризата предизвикана од пандемијата КОВИД-19 и поддршка на луѓето и бизнисите преку зајакнување на глобалниот синџир на снабдување, поблиска соработка, искористување на технологијата и ставање на „луѓето“ во центарот на процесот на трансформација под слоганот „Царината – подлога за опоравување, обнова и отпорност за одржлив синџир на снабдување “.
Поаѓајќи од сите напори кои во текот на оваа исклучително тешка година беа превземени од царинските службеници како и од повеќе правни субјекти кои и излегоа во пресрет на Царината, Царинската управа одлучи оваа година пофалниците од Генералниот секретар на Светската царинска организација, Кунио Микуријa, за посебни заслуги, под наведеното мото „Царината – подлога за опоравување, обнова и отпорност за одржлив синџир на снабдување“ да ги додели на царинските службеници, институциите и организациите, кои со своите активности се издвоија како заслужни во воспоставување на одржлива и конструктивна бизнис околина и изнаоѓање решенија за справување со кризата предизвикана од пандемијата КОВИД 19.
Директорот на Царинската управа на м-р Горан Сугарески официјално додели пофалници на следните институции и лица:
Царинска испостава Ќафасан 5071 – за постигнати добри резултати во тековното работење, во текот на 2020 година, во услови на КОВИД 19, на полето на откривачки дејствија изготвени записници за Царински прекршоци и имплементирање на проектот за Зелени коридори.

Витаминка А.Д Прилеп, компанија која успешно го доби статусот на Овластен Економски Оператор во 2020 година, (Царински поедноставувања, безбедност и сигурност)

Ултра, за ургентен развој на Модулот Ковид и

Управителот на компаниите Викторија Шпед и Фалкон Логистик – Џино Шкриељ, кои во своите активности и организација на работа, се издвојуваат во воспоставување на одржлива и конструктивна бизнис околина и изнаоѓање решенија за справување со кризата предизвикана од пандемијата Covid-19, во особено отежната услови на работење, со воведувањење на сменско работење и максимални мерки на заштита на вработените и на клиентите, обезбедувајќи непречен проток на стоки, достава на пратки до врата со цел да се спречи ширењето на вирусот и воведување на paperless работење во услови на кризата со Covid-19.

Огнен Наумов и Валдет Адеми – за активно и посветено работење на имплементација на сите забрани и ограничувања за спречување со пандемијата, вградување на забрани и ограничувања за извоз, имплентација на низа надворешно- трговски мерки за спречување на пандемијата, но и имплементирање и на одредбите на Законот за оданочување на моторни возила и Законот за регистрација на странски возила.
Ѓорѓи Наумовски и Офелија Бајо – за активно работење на имплементација на дигитални решенија за Е-царина и безхартиена царинска околина, како средство за непречено движење на стоките преку граница
Лидија Лекоска и Ирина Нелковска – за активно и дополнително учествување во преговорите за Договорот за слободна трговија со Обединотот Кралство, транзициони правила за потекло со ЕУ, Брегзит, со цел непречено одвивање на трговијата
Зорица Ашиковска и Јане Саздов – За имплементација на модулот Ковид во ЕХИМ
Здравко Велјановски – за навремена имплментација и поддршка на корисниците за примена на видеоконференциските алатки Webex и Teams
Александра Илиевска Мишковска и Беким Хазири – за воспоставување на одржлива и конструктивна бизнис околина и изнаоѓање решенија за справување со кризата предизвикана од пандемијата КОВИД 19, во особено отежнати услови на работење
Маја Димчева и Љупчо Чингоски – кои се истакнаа со своите активности и организација на работа во воспоставување на одржлива и конструктивна бизнис околина и изнаоѓање решенија за справување со кризата предизвикана од пандемијата КОВИД 19, во особено отежната услови на работење.
Илија Јаноски – за успешно предводење и учество во активностите на Одделението за меѓународна соработка. Изминатава година е постигнат исклучителен успех во интерес на Царинската управа, во сите области на делување на Одделението: зајакната соработка на меѓународно ниво, планирање и изработка на документација за проекти од ИПА 3 фонд, координација за непречена и навремена реализација на тековните проекти, навремени реакции за обезбедување на превод и кореспонденција со сите служби на меѓународно ниво, прибирање на податоци и изработка на потребните извештаи до ЕУ.