По воведувањето на зелените коридори во регионот, Царинската Управа на Р.С.Македонија издаде конкретни насоки со цел да го појасни начинот на движење на стоките низ овие коридори во рамки на ЦЕФТА.
Станува збор за насоки кои ќе се применуваат од 17 април па се додека траат вонредните мерки за спречување на епидемијата со корона вирусот, а секој учесник во царинските постапки кои сака доброволно да ги користи треба да биде запознаен со начинот на кој ќе функционира царинската постапка преку зелените коридори.
“Ширењето на корона вирусот во изминатиов период во светот и на европскиот континент предизвика воведување на многу строги мерки од страна на многу држави членки на ЦЕФТА, како и на ниво на ЕУ во поглед на спречување на ширењето на пандемијата.
Највидливи примери на таквите политики се забраните за патување наметнати од разни држави на ЕУ, како и повторното воведување на граничните контроли (вклучително и оние со санитарни мерки) на внатрешните и надворешните граници на ЕУ”, велат од Царинската управа.
И земјите од Западен Балкан, во изминатиов период превземаа разни мерки за превоз на стоки, што во одреден период предизвикаа застои на одредени гранични премини.
Сепак, и покрај потребата од воведувањето на стриктни санитарни мерки, протокот на стоки и она што е најважно, стоките од примарно значење (храна – храна за животни – лекови – медицинска опрема) не треба во никој случај да бидат предмет на било какви ограничувања или застои, потенцираат од Царинската управа.
Земјите од ЦЕФТА искажувајќи го нивниот страв од можните нарушувања на прекуграничното движење на стоките, што може да предизвика одредни застои во снабдувањето со стоки превземаа одредени мерки за забрзување на движењето на стоките во ЦЕФТА. Како прв чекор во надминувањето на ваквата состојба, државите членки на ЦЕФТА, врз основа на препораките на македонското претседателство со Поткомитетот за царина и потекло на стоки воспоставија ЦЕФТА Координативно тело, со цел размена на информации помеѓу сите страни на ЦЕФТА, на кое му помога ЦЕФТА Секретаријатот.
Како прв чекор за подобро регулирање на трговијата воведени се „Зелени“ приоритетни коридори за Западен Балкан.
Овие зелени коридори се состојат од три главни оски:
- HU/SRB border – Belgrade – SRB/MK border – Skopje – MK/EL border (with a branch towards Kosovo and Pristina) || RO/SRB border – Belgrade SRBMNE border– Podgorica – (port of) Bar.
- HR/BiH-border Sarajevo- (port of) Ploce (HR) || HR/SRB border – BelgradeSRB/BG border. || SRB/BiH border- Sarajevo- BiH/MNE border– MNE/KOS border-Pristina
- (Port of) Durres- Tirana- ALB/MK border-Skopje- MK/BG border and Port of Durres -Fier – ALB/EL border || ALB/KOS border -Pristina- KOS/MK border || ALB/MNE border-Podgorica.
Во Република Северна Македонија клучни гранични премини на зелените коридори се граничните премини: Табановце, Блаце и Ќафасан, за кои Царинската управа е обврзана да обезбеди 24/7 проточност во поглед на движењето на стоките.
Листата на сите отворени гранични премини за движење на сите стоки во ЦЕФТА, може да се најдат на следниов линк: https://cefta.int/covid-19/#1462889556008-5268e54e-1525.
Во рамки на ЦЕФТА, исто така, усогласена е ЦЕФТА приоритетната листа со стоки што ќе имаат првенство на минување.
Царинските управи се обврзуваат дека приоритетните „зелени“ коридори треба да обезбедат приоритетен пристап на стоките што се наведени во ЦЕФТА приоритетната листа.
Листата е достапна на следниов линк: https://cefta.int/covid-19/#1586879985044-b98d1fca-7ccb.
Преку сите наведени гранични премини, како и низ оние што се наоѓаат на зелениот коридор, се одвива прометот на сета стока, со тоа што за одредена група на стоки (наведени во списокот на приоритетни стоки) што се наоѓаат на приоритетна листа, се обезбедува приоритетен премин.
Приоритетен премин на возилата што го пренесуваат овој вид на стока, се обезбедува на следниве два начина:
- Секој возач на транспортно средство пожелно е да има зелена хартиена ознака во формат А4, каде ќе биде напишан следниов текст CEFTA ESSENTIAL GOODS. Оваа ознака треба да биде видливо поставена во кабината на возачот.
- Информации за видовите на стоки пред пристигнување се праќаат и се добиваат преку електронскиот систем СЕЕД.
Идентификацијата на овој вид на стока ќе се врши врз основа на тарифните ознаки, внесени во извозните и транзитните декларации.
Во извозните царински декларации, идентификацијата ќе се врши врз основа на тарифната ознака на 10 цифри. Во транзитните декларации, идентификацијата ќе се врши врз основа на 6 цифрена ознака на тарифниот подброј.
Појдовните царински испостави каде започнува постапката на испраќање на стоките треба да овозможат внесување на тарифни подброеви во транзитната декларација (без измена на
Правилникот за начинот на пополнување на царинската декларација и кодексот на шифри кои се употребуваат при пополнување на царинската декларација) со цел приоритетното поминување низ тнр. зелени коридори да биде овозможено за овој вид на стоки, а се со цел на забрзување на царинската постапка.
Како што е наведено претходно, објаснуваат од Царинската управа, на одредшните царински испостави, односно на царинските испостави од зелените коридори, преку системот СЕЕД ќе им биде обезбедена најавна порака, односно порака пред пристигнување, а на граничните инспекциски служби списокот од СЕЕД ќе им биде доставена на електронските адреси што се доставени од тие органи.
Во таа насока, изработено е ново Корисничко упатство за оперативно користење на СЕЕД системот во врска со постапките за обезбедување брз проток на пратките со основни стоки во рамки на зелените коридори.
Од Царинската управа потенцираат дека наведената постапка ќе се спроведува од 17.04.2020 година па се до моментот додека се на сила посебните вонредни мерки за спречување на ширење на епидемијата.
“Со цел еднообразна и униформна примена, потребно е да бидат запознаени сите учесници во царинската постапка со забелешка дека користењето на наведената постапка е доброволно, односно подносителот на транзитната декларација во појдовната царинска испостава може да внесе тарифен број, доколку сака да обезбеди приоритетно минување на граничните премини што се наоѓаат на зелените коридори, во случаи кога се превезува стока што е на приоритетната листа”, објаснуваат од Царинската управа.
Во продолжение можете да ги преземете и следните дополнителни материјали:
– ЦЕФТА список на основни производи (англиска и македонска)
– ПРЕГЛЕД НА ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА ИНТРА-ЦЕФТА ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ
– ПРЕГЛЕД НА САНИТАРНИТЕ МЕРКИ КОИ СЕ ПРИМЕНУВААТ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ ВО ЦЕФТА РЕГИОНОТ