Царинската управа од почеток на ширењето на пандемијата COVID – 19, презеде низа мерки, прво за заштита на здравјето и околината на граѓаните, а потоа и мерки за олеснување на царински постапки и излегување во пресрет на сите засегнати страни.
Сето ова бараше и брза реакција, анализи и препораки за навремено определени мерки. Со оглед дека побарувачката на заштитини маски и дезификанти, како и други производи порасна, Царинската управа по заклучок на Влада на Република Северна Македонија воведе забрана за извоз на наведените стоки (сапуни кои содржат антибактерсиски супстанци, средства за чистење на површини, подови, маски, определена медицинска опрема, етил алкохол, брашно и пченица).
Во однос на олеснување, како и забрзување на постапките, Царинската управа ги презеде следниве мерки:
– по службена должност го продолжи рок на важење до 30.09.2020 година, на одобренијата за поедноставени постапки кои истекуваат до 31.05.2020 година. Ова значи дека истите се применуваат под услови и критериуми под кои биле издадени.
– по службена должност го продолжи рокот на важење на банкарските гаранции до 30.09.2020 година
– по службена должност го продолжи рокот на важење на одобрнеијата за одложено плаќање на увозни давачки и мотивирање за поголема примена и издавање на одобренија за одложено плаќање на давачките по поднесено барање
– по службена должност го продолжи рокот на важење до 30.09.2020 година, на одобренија за увоз за облагородување што истекуваат до 31.05.2020 година
– продолжување на рок на важење на одобренијата за привремен увоз, по поднесено барање
– продолжување на рокот за завршување на постапката по поднесено барање, во случај на издадено одобрение за увоз за облагородување
Понатаму, почнувајќи од 18 март, на царинска испостава Скопје 2 се применува бесхартиен извоз, а од 1 април ќе се применува и во сите останати царински испостави.
За време на траење на полицискиот час, со исполнување на одредени услови (како меѓународен транзитен документ Т1 или извозен придружен документ EXMK), дозволено е движењето на стоки во транзитна постапка и поедноставена постапка на извоз и увоз.
На 20 март на иницијатива на Царинската управа како преседавач со Поткомитетот за царина и правила на потекло во рамките на ЦЕФТА, се одржа состанок со членките на ЦЕФТА, ЦЕФТА секретаријатот, Регионалниот совет за соработка, Заедницата за транспорт, Генералниот директорат за проширување на ЕУ и Генералниот директорат за даноци и царинска унија.
На состанокот се заклучи да се следи ситуацијата континуирано и да се преземат мерки за олеснување на проток на стоки, воведување на размена на информации пред пристигнување и соодветно зелен и син канал за побрз проток на определни стоки и оелснување на транспосрот.
Односно воспоставување на зелен коридор и приоритетни ленти за транспортот на прехрамбени продукти и медицинска опрема во рамките на ЦЕФТА, но и со земјите – членки на ЕУ во регионот.