Како што започнува шпицот на сезоната на испораки, намалениот капацитет на контејнерите може да ги зголеми цените на повисоки нивоа отколку што претходно беше забележано со скокот на Црвеното Море.
Во последните пет месеци, големите фирми за транспорт алармираат за кризата со контејнерите што не очекува. Нападите на Хутите резултираа со подолги рути со повеќе контејнери на море и недостапни за повторно полнење. Сето ова заедно со лошото време што влијае на кинеските, малезиските и сингапурските пристаништа, резултираше со раст на цените за контејнерски превоз за дури 30% во текот на изминатите неколку недели.
Компаниите кои превезуваат стоки од Азија во следниот период можат да се соочат со цени од дури 10.000 долари за итен транспортен контејнер.
Француската CMA CGM SA, трет најголе контејнерски превозник во светот, веќе објави цена од 7.000 долари за контејнер од 40 стапки за втората половина на јуни за стоки испратени во северна Европа од Азија. Тоа е повеќе од сегашната наплата од околу 5.000 долари. За првата половина на јуни, цените се движат од 6.000 до 6.500 долари, со премиум услуга понудена од 7.500 до 10.000 долари.
Уште една причина зад зголемувањето на цените е тоа што увозниците нарачуваат повеќе поради загриженоста за нарушувања во синџирите на снабдување, почнувајќи од застојот на пристаништа и штрајкови на работниците па се до повисоките царини за стоки произведени во Кина.
Целата ситуација потсетува на начинот на кој растеа цените за време на пандемијата, кога цените на контејнерскиот поморски превоз достигнаа рекордно високи цени. Во септември 2021 година, во услови на пораст на побарувачката поврзана со пандемијата, цената за контејнер од 40 стапки до Европа и западниот брег на САД од Кина се искачија на 15.000 долари, односно 20.000 долари.
На почетокот на годинава, максималната цена за контејнер се движеше помеѓу 3.000 и 5.000 долари. Тоа беа цени кои беа двојни повисоки во споредба со цените една година порано.
Еден од факторите што ја поттикна инфлацијата за време на годините на пандемијата беше токму зголемувањето на цените на логистиката.
Бидејќи потрошувачите се тие кои на крајот плаќаат кога цените на превозот се зголемуваат. А тековните настани укажуваат на слична шема на движење на работите.
Поради тековната предизвикувачка ситуација која генерира застој на терминалите и подолго време на чекање во азиските и медитеранските пристаништа некои поморски компании веќе најавија зголемување на цените на 8.000 до 10.000 долари за контејнери од 40 метри од Азија до САД и до Европа.
Засега тешко е да се предвиди до кога ќе продолжи порастот на цените за контејнерскиот транспорт, но се очекува сигурно да потрае уште неколку месеци ако ситуацијата на Црвеното Море не се подобри.