Цените на контејнерскиот транспорт од Азија до Европа достигнаа највисоки цени на сите времиња, бидејќи логистичките проблеми продолжуваат да го ограничуваат пазарот и побарувачката останува силна, ограничувајќи ја достапноста на бродовите.

Цената на контејнерски превоз Platts Container Rate 1 Северна Азија од северна Европа – се искачи на 12.000 долари/ FEU (forty-foot equivalent unit) на 17 мај, што е зголемување за 1.500 долари / FEU во однос на претходната недела. Ова зголемување се одрази на скоро десеткратно зголемување од 1.300 американски долари / FEU проценето на оваа рута една година порано.

Најновиот скок на стапките доаѓа бидејќи побарувачката продолжува да ја надминува распложивоста на контејнерски бродови на клучните рути низ целиот свет. Големиот проблем е што сега има помалку празни контејнери во циркулација на океаните отколку што имаше на почетокот на пандемијата, главно затоа што значително се зголеми времето што е потребно за контејнерите да се вратат на пристаништето откако ќе се истовари бродот, главно заради недостигот на персонал за време на пандемијата.

Ова се почувствува низ целиот свет, па така на некои контејнери им требаат четири недели да се вратат во пристаништата откако ќе бидат испразнети, во споредба со околу седум до 10 дена на почетокот на 2020 година.

Ова е надополнето со доцнења во пристаништата со значително намалени нивоа на персонал заради појава на коронавирусот. Резултатот е значително логистичко одложување, што дополнително го оптоваруваат веќе кршливиот ланец на снабдување.

Затворањето на Суецкиот канал во март резултираше со значителни пречки во европските пристаништа кои се продолжија во месец април со големи задоцнување.

И покрај напорите на превозниците ширум светот да купат нови контејнери, постои одредена загриженост дека овие контејнери ќе бидат доставени на пристаништата и ќе предизвикаат понатамошни главоболки кај превозниците.

И покрај надежите низ целата индустрија дека овие логистички проблеми ќе бидат олеснети за време на кинеската Нова година во февруари, сега се чини дека проблемите ќе продолжат барем до крајот на третиот квартал.

Цената на контејнерски превоз Северна Азија од Велика Британија – исто така достигна нов историски рекорд, достигнувајќи на 17 мај на 14.500 американски долари / FEU, за разлика од 1.325 американски долари за FEU една година порано.

Извор: Platts