Цените на храната на меѓународните пазари во ноември се искачија на највисоко ниво во последните две години. Скокот на цените беше поттикнат најмногу од порастот на цената на растителните масла и месото, посочува Агенцијата за храна на Обединетите нации.
FAO индексот на цените на храната забалежа месечен раст од 2,7%, достигнувајќи просечни 177,2 поени, што е негова најголема врендост во изминативе две години. Споредено со ноември минатата година, цените се зголемени за повеќе од 9,5%.
Најмногу поскапеле маслото и месото
Во текот на изминатиот месец најмногу се зголемени цените на растителното масло, за 10,4%. Главниот „виновник“ е порастот на цените на палмините масла, поттикнат од силната побарувачка, зголемената потрошувачка во производството на биодизел и очекувањата за евентуален недостаток наредната година.
Цените на месото, исто така, се значително зголемени, или за 4,6% во однос на октомври, најмногу во последните 10 години. Најмногу поскапеле говедското и овчотомесо, исто така поради силната увозна побарувачка пред празниците, особено од Кина.
Шеќерот е поскапен за 1,8%, како резултат на честите индикации дека потрошувачката следната година ќе го надмине производството, кое е во застој заради влошените услови за одгледување во Тајланд, Индија, Франција и САД.
Цените на млекото речиси непроменети
Цените на млекото и млечни производи се практично непроменети во споредба со октомври, поддржани од сезонско пониското производство на млеко во Европа и стабилната глобална побарувачка.
Само цените на житарките бележат месечен пад за 1,2%, во услови на жестока конкуренција од водечките производители и извозници на пченица.
Се очекува рекордно производство на житарици
FAO во посебен извештај за понудата и побарувачката на пазарот на житни култури, ја зголеми проценката на годинешното производство на житни култури на рекордни 2,777 милијарди тони. Ова би претставувало зголемување од 2,1% во однос на минатата година.
Проценката е зголемена поради неочекувано добриот род на житните култури кои се користат во исхраната на човекот и животните, како на пример пченкате, посебно во Кина, Руската Федерација и Украина.
Зголемена е проценката и за Европската унија, посебно заради проценките за зголемување на годинешното производство на пченица кое се очекува да биде поголемо за 4,8% во однос на минатата година.