Членките на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) од 1 февруари почнуваат да ги спроведуваат преодните правила за преференцијалното потекло на стоките, заедно со правилата на Пан-евро-медитеранската (ПЕМ) конвенција.
„Со примена на ревидираните, пофлексибилни и модерни правила, комапниите ќе можат да ја зголемат својата извозна конкурентност. Преодните правила за потеклото на стоките го поедноставуваат системот, го поедноставуваат одредувањето на потеклото на стоките и дополнително ја олеснуваат трговијата во ЦЕФТА и со ЕУ“, објасни директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА, Емир Џикиќ.
Кои се придобивките?
Овој нов чекор што ЦЕФТА го презема кон олеснување на трговијата се фокусира на намалување на административната бирократија и зголемување на обемот на трговијата.
Новите правила предвидуваат неколку поедноставувања, вклучувајќи:
Пофлексибилни и поедноставни правила на производот
Пофлексибилни правила за толеранција: Зголемување на учеството на непреференцијалните материјали во готовите производи од 10% на 15% по нето маса за земјоделски производи, додека за индустриските производи (освен текстил) толеранцијата е поставена на 15% на материјали без потекло врз основа на цената франко фабрика готов производ.
EUR.1 или декларација за потекло ќе биде единствен тип на доказ за потекло и ќе важин за период од 10 месеци наместо за 4 месеци.
Предвидени се и опциите за договор за примена на систем на регистрирани извозници и за договор за користење на доказ за потекло кој се издава и/или се доставува по електронски пат.
Можностите за повлекување на давачките и целосна кумулација како придобивки од преодните правила се имплементирани во ЦЕФТА од 2019 година.
За повеќе информации продолжете на следниот линк.
Извор: CEFTA