Црна Гора може да биде центар за дистрибуција на американски течен гас во регионот

Американскиот потсекретар за фосилни горива Стивен Винберг смета дека Црна Гора би можела да стане енергетски центар за дистрибуција на природен гас од Соединетите Американски Држави. Во изјава за ТВЦГ Винберг изјави дека, покрај своите економски придобивки, природниот гас е исто така и еколошки најприфатливо гориво.

Природниот гас покрај јагленот е единствен примарен обликформана енергија што може да се користи директно. Затоа се зголемува и неговата употреба во домаќинствата, транспортот, технолошките процеси, за производство на топлина и електрична енергија, но и како суровина во хемиската индустрија.

Можност да го користи има и Црна Гора. Предност е, смета американскиот потсекретар за фосилни горива Стивен Винберг, позицијата на Црна Гора на Јадранот и пристаништето Бар.

„Пристаништето Бар има идеална позиција да го прифаќа течен гас и да претставувало центар од каде течниот гас би се пренесувал во други земји. Тоа е пристаниште со длабока вода и може да ги прифати бродовите кои доаѓаат од САД. Би поставиле т.н виртуелни цевководи, односно наместо да градиме цевководи користиме контејнери во кои се складира течниот гас. Откако ќе пристигне бродот, ние ги пренесуваме контејнерите во камионите или возот и ги пренесуваме таму каде што е потребно.Но, исто така, може да градиме цевководи со текот на времето “, рече Винберг.

САД се најголем производител на природен течен гас и моментално го извезуваат во 40 земји во светот.

„Во следните неколку години, ќе имаме 164 милијарди кубни метри, потоа авторизиравме скоро 400 милијарди кубни метри, што е потенцијал за четирикратен раст во наредните 5 до 6 години. Постојат многу можности за нашите европски сојузници да го искористат природниот гас, да имаат поразновидно снабдување со енергија и да ја намалат употребата на дизел “, вели Винберг, кој потенцира дека имањето на нов извор на енергија создава енергетска стабилност и безбедност.

Колку природен гас би испорачале САД до Црна Гора, ќе зависи од побарувачката на пазарот во регионот, на кој е доминантно присутна Русија.

На прашањето какви би биле финансиските придобивки за Црна Гора ако стане центар за дистрибуција на природен телчен гас на САД, Винберг вели:

„Мислам дека има бројни можности како дополнителни работни места на пристаништето, транспорт на течен гас, продажба во други земји, односно создавање можност да го продавате течниот гас што го произведуваме. Исто така е можно да ги намалите трошоците бидејќи е поевтина од маслото за греење “.

Покрај економските придобивки, придобивките од животната средина се исто така важни, вели Винберг, при што природниот гас е најчисто и најбезбедно фосилно гориво и нема штетни остатоци при неговото согорување.