Штефан Петер, претседател на Советот на странски инвеститори: Ќе треба многу напорна работа за да се вратиме во нормала

Избувнувањето на пандемијата на Ковид-19  низ целиот свет ги вознемири политичките, социјалните, економските, религиозните и финансиските структури во целиот свет. Mногу експерти за економски и финансиски прашања предупредуваат за влошување на состојбата на глобалната економска и финансиска структура. Се вели дека пандемијата и` штети на глобалната економија и светот ја доживува најтешката економска состојба после Втората светска војна.

Економското закрепнување од оваа фатална болест е можно во 2021 година, бидејќи истата остави сериозни влијанија и ќе имаме тешкотии за враќање во стабилна состојба.

Кога станува збор за човечките жртви од корона вирусот, неизмерни се, затоа сите земји треба да работат заедно, во соработка и координација за заштита на луѓето, како и да ги ограничат економските штети.

Никој не може да знае со сигурност и да каже кога ќе закрепнеме. Многу зависи од тоа како ќе преминеме од работа од дома кон целосно враќање на работните места. Се чини дека е малку веројатно оти ќе се вратиме веднаш на нормалното работење, како и обично. Веројатно некое време ќе избегнуваме поголеми гужви и ќе користиме средства за самозаштита.
Меѓутоа, веќе сме сведоци на постепено олабавување на живеењето. Оттаму, оптимизмот дека наскоро животот ќе се врати во „новото нормално живеење“.

Секако, сето тоа нема да дојде само од себе. Ќе треба работа. Многу напорна работа!

Став на Штефан Петер, претседател на Советот на странски инвеститори