Кога веќе еднаш ќе се одлучите да излезете на странските пазари важно е да имате добра претстава за водењето бизнис на странскиот пазар, со цел реално да ги процените можностите за вашиот бизнис. Големината на компанијата, достапните ресурси, потребните чекори и постапки, сложеноста на регулативата, ризикот во однос на наплата на побарувањата се теми кои го преокупираат секој извозник, и добро е да ги земеме предвид при подготовката на извозот.
Има и многу фирми кои не извезуваат бидејќи едноставно се задоволни од резултатите кои ги остваруваат на домашниот пазар и не ги согледуваат своите извозни потенцијали.
Најчесто има неколку митови заради кои фирмите не се одлучуваат за извоз, а кoо во реалноста не се толку сложени:
- Да се извезува не е толку сложено колку што изгледа – Точно е дека извозот подразбира и сложени ситуации, но тие не се толку тешки и непремостливи. Потребните информации можете да постојните стопански комори, МБПР, можете да ги користите услугите на експерти кои веќе ги работата потребните работи за извоз, како шпедитери, дистрибутери, деловни банки…Почетното истражување на пазарот можете да го направите и со помош на информации кои се достапни преку Интернет.
- Извозот не е секогаш поризичен од продажба на домашен пазар – Извозот на голем број пазари, како што се соседните земји и земјите од ЕУ понекогаш е помалку ризичен отколку продажбата на домашниот македонски пазар. На многу од овие пазари фирмите можат да пристапат без да плаќаат царини, а исто така и конкуренцијата има безцарински пристап на домашниот пазар. Ризиците можете дополнително да ги намалите со квалитетно планирање, истражување и проверките на кредитниот бонитет на потенцијалните купувачи. Можете да ја осигурате вашата исплата преку акредитив или полиса за осигурување на извозот кои покрај МБПР веќе ги нудат и неколку деловни банки, додека разни измами можете да избегнете и со проверка на референците за вашиот партнерот преку вашата банка или некои специјализирани агенции за кредитен рејтинг. Се препорачува и заштита на интелектуалнате сопственост – трговска марка, патент, индустриски дизајн, како и авторско право, за кое може да се консултирате во Државниот завод за интелектуална сопственост за што е најдобро да се консултирате со адвокати кои се специјализирани во оваа област на правото.
- И малите фирми можат да извезуваат – Во 2017 година микро и малите фирми учествувале со дури 81% од вкупниот број на македонски фирми на производи и услуги.Покрај тоа, малите фирми се пофлексибилни и многу побрзо се прилагодуваат на извозните предизвици.
- Ако сте конкурентни дома, можете да бидете и во странство – Ако производот или услугата кои ги произведувате се конкурентни и имаат купувачи на домашниот пазар, веројатно е дека би можелоза нив да има побарувачка и на странски пазари кои се слични на домашниот пазар. Цената е многу важна за да бидете конкурентен, но искуството покажува дека потребата за тој производ, квалитетот, пропратната услуга, како и угледот на компанијата се исто така многу значајни. Со квалитетен производ со добра цена можете да бидете конкурентни и на странски пазари.
- Специфичните производи полесно наоѓаат пазари – Македонските компании извезуваат многу производи и услуги, почнувајќи од овошје и зеленчук, сладолед, вода, зачини…Ако имате производ во некоја специфична ниша дури и полесно ќе можете да ги идентификувате потенцијалните пазари и клиенти кои имаат потреба од вашиот производ. Малите земји во глобалната економија многу почесто се потпираат на повеќе специфични производи во споредба со западниот свет, како и на квалитетот и сигурноста на производите.
- Можно е да се дојде до финансиска поддршка за извоз – Финансиските институции во последните неколку години имаат многу повеќе склоност да ги пратат фирмите кои извезуваат, а во нивните портфолија на извозниците им се на располагање и различни опции за финансирање на обртни средства, банкарски гаранции, факторинг и осигурителни извозни полиси кои можат да бидат поддршка на фирмите во нивните извозни потфати.