Бугарскиот производител на велосипеди Maxcom и австрискиот производител на мотори Pierer Group потпишаа договор за инвестиција во фабрика за електрични велосипеди во Бугарија.
Инвестицијата ќе изнесува над 30 милиони евра и со нејзе Бугарија ќе стане најголем производител на електрични велосипеди во Европа.
Новата фабрика за електрични велосипеди ќе се гради во економската зона Тракиа на површина од 13 хектари и со неа ќе се обезбедат 1.000 нови вработувања.
Фабриката се планира да почне да работи во 2023 година и ќе има капацитет за производство на 350.000 велосипеди и други превозни средства на две тркала и на електрилен погон.
Бугарската компанија Maxcom со седиште во Пловид е основана во 1996 година, а во 2001 година нејзините велосипеди за првпат почнале да се извезуваат во ЕУ, каде и денеска се извезува над 95% од производството.