(AP Photo/Andrew Harnik)

Американскиот претседател Џо Бајден вчера ги објави јавно плановите и мерките на Белата куќа за зајакнување на домашното производство на храна и намалување на трошоците за храна во САД, како дел од пошироките напори за зголемување на снабдувањето со храна на САД достапно за извоз во деловите од светот кои се соочуваат со недостиг како резултат на војната.

Бајден рече дека САД мора да продолжат да инвестираат во американските земјоделци бидејќи тие се „рбетот“ на економијата “.

„Во моментов, Америка се бори на два фронта. Дома, тоа е инфлација и пораст на цените. Во странство, им помага на Украинците да ја одбранат својата демократија “, изјави Бајден.

Во обид да го смири недостигот на храна и големите поскапувања, администрацијата на Бајден планира бројни мерки за да се зголеми домашното производствво на храна како на пример зголемување на средствата за осигурување на земјоделското производство, двојно да ги зголеми инвестициите во домашното производство на ѓубрива, на 500 милиони долари од сегашните 250 милиони долари, за да ги намали трошоците за одгледувачите, олеснување на пристапот на земјоделците до технлогии,

Последните иницијативи на Белата куќа доаѓаат еден месец откако Обединетите нации предупредија дека дури 1,7 милијарди луѓе се „многу изложени“ на домино ефектот на руската војна врз глобалните системи за храна, енергија и финансии.

Цените на клучните земјоделски производи, особено на пченицата, вртоглаво пораснаа од почетокот на војната во Украина.
Русија и Украина заедно сочинуваат речиси 30% од глобалната трговија со пченица.

Ѓубривото, кое е од суштинско значење за земјоделците да ги постигнат своите производни цели за земјоделските култури, исто така поскапе пред се заради намаленото производство во Европа како последица на зголемената цена на природниот гас, но состојбата дополнително се влоши од почетокот на војната.

Русија и Белорусија, обезбедуваат околу 40% од светскиот извоз на поташа.
Според проценките на Морган Стенли, во последниве години, Русија исто така извезла 11% од светската уреа и 48% од амониум нитрат, две други клучни компоненти на ѓубривото.

Руската инвазија придонесе за историски шок на пазарите на суровини што ќе ги одржи глобалните цени високи до крајот на 2024 година, се вели во извештајот на Светската банка.
Цените на храната ќе се зголемат за 22,9% оваа година, нагласена со порастот на цените на пченицата за 40%, според извештајот објавен кон крајот на минатиот месец.
Бајден уверува дека американската администрација „може да се погрижи американскиот извоз на земјоделски култури да го надомести недостигот кој се создаде заради руската инвазија на Украина.