Home Вести Бензините од ноќеска поевтини за половина денар, дизелот со иста цена

Бензините од ноќеска поевтини за половина денар, дизелот со иста цена

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивото останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,26%.

Новата малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 59,5 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 61,5 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе продолжи да се продава по 53 денари, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за половина денар по литар и исто така ќе чини 53 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,155 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 26,06 денари..

Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемувањето на референтните цени на светскиот пазар о и понискиот курс на доларот во однос на денарот.

“Во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар бележат зголемување: кај бензинот 0,82%, кај дизелот 2,47%, кај екстра лесното масло 2,79% и кај мазутот 0,688% . Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 1,211 %”, објаснуваат од Регуллаторната комисија за енергетика.

error: Content is protected !!
Exit mobile version