Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот иницира вклучување на општините и локалните бизниси во процесот на привлекување на нови инвестиции преку искористување на нивниот инвестициски потенцијал.
На денешниот работен состанок со градоначалниците и компаниите од Пелагонискиот плански регион беа презентирани и можностите кои ги нудат порталите развиени од Агенцијата каде се нудат три клучни бенефити.
Портал кој овозможува странските инвеститори да пронајдат, да стапат во контакт и да обезбедат домашни добавувачи, портал за презентација на извозната понуда на македонските компании и портал за браунфилд инвестиции на кој заинтересираните инвеститори можат да пронајдат и да упатат барање за расположлива конкретна локација.
Овие настани Агенцијата ги смета за клучни во вмрежување на локалните самоуправи и компаниите од регионите, идентификување на полињата за соработка и начините на кои Агенцијата може да им помогне да бидат уште поконкурентни.
Вакви настани ќе се организираат во сите региони во државата.
Извор: Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот