(Видеографик) Доминацијата на Кина во извозот на високо-технолошки производи

Очигледно одамна помина времето кога Кина се сметаше само како база за евтина работна рака и суровини. Кина во изминатите неколку децении успеа да привлече многу високо технолошки компании да отворат фабрики и производство на нејзината територија, со што Кина денска е најголем извозник на високо-технолошки во светот. Во 2018 година Кина остварила извоз на високо-технолошки производи од над 654 милијарди долари.

Под високо-технолошки извоз се подразбира извоз на производи со висока истражувачка и развојна компнентна, како авионски делови, компјутери, фармацевтски производи, научни инструменти и електрични машини.

Кина доживува многу енергичен и брз развој во извозот на високо-технолошки производи во изминатите три децении. Колку за споредба, извозот на високо технолошки производи на сите земји од Европската унија изнесува 762 милијарди долари.

Во 1990 година Кина била 20-ти по големина извозник на високо-технолошки производи во светот со извоз од една милијарда долари. Но, за 28 години високо-технолошкиот извоз на Кина е зголемен на 654 милијарди долари.

Овие бројки се недостижни за било која друга земја во светот ако се гледаат поединечно.
На пример, втор најголем извозник на високо-технолошки производи е Германија со извоз околу 210 милијарди долари, чиј извоз во 2009 година изнесувал околу 38 милијарди долари, кога била трет најголем извозник во светот. Лидерството во извоз на високо-технолошки производи пред три децении го имале САД и Јапонија со извоз од 77,4 милијарди долари, односно 65 милијарди долари.

Во 2018 година САД се шести најголем извозник на високотехнолшки производи со извоз вреден 156 милијарди долари, а Јапонија е 10-ти најголем извозник во светот со извоз од 110 милијарди долари.