Даути Комерц од денеска е ексклузивен застапник и на асортиманот на Агроплод – Свислион ДОО – Македонија и Свислион ДОО-Вршац .  

Со тоа, компанијата има ексклузивна можност за извоз на асортиманот на производите на пазарот во Р. Албанија и дел од европските пазари.
Комерцијалниот потенцијал на компанијата се зголемува за широка лепеза на повеќе од 200 производи на еден развиен бренд со висок квалитет и прифатливи цени.
Голем дел од производите бележат потрошувачка по европските пазари, каде Даути Комерц А.Д веќе има соработка со свои постоечки, а и нови соработници
“, велат од компанијата Даути Комерц.
На тој начин, квалитетот на производите на прехрамбената индустрија на Свислион ДОО,  добива можност неприкосновено да настапи на регионалните и европските пазари, додаваат од Даути Комерц.