Truck loaded with containers full of apples ready to be shipped to the market.

Во првата половина годинава од земјава биле извезени јаболка во вредност од 6,3 милиони евра, што е за 22% помалку вво споредба со извозот на јаболка од првата половина во 2022 година, кога извозот на јаболка изнесувал 8 милиони евра

Извезени биле 27,4 илјади тони јаболка и количините на извезени јаболка се намалени за 32% во споредба со првата половина од 2022 година.

Но, за жал иако санкциите беа воведени пред речиси една година, Македонија се уште не може да најде алтенатива за македонските јаболка. Податоците покаѓуваат дека во првата половина годинава воопшто немало извоз на јаболка во Русија. Најголеми извозни пазари за јаболката биле Србија, Бугарија и Косово каде е острварен извоз од по околу 1 милион евра. Следат БиХ, Црна Гора и Романија, каде на трите пазари заедно бил направен вкупен извоз од 2 милиони евра.

До пред санкциите, Русија беше традиционано најголем извозен пазар за македонските јаболка. На пример, во текот на целата 2020 година биле извезени јаболка во вредност од 25,8 милиони евра, од кои половина или близу 13 милиони евра бил извоз во Русија.