По примерот на меѓународните успешни компании, Алкалоид своите корпоративни успеси и добри финансиски резултати ги споделува со сите акционери. И годинава на сите акционери компнаијата Алкалоид ќе им исплати дивиденда, која секоја година се зголемува како резултат на континуираниот и силен раст и успешните финансиски резултати на компанијата.

Управниот одбор на Алкалоид АД на седницата одржана на ден 29.02.2024 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2023 година во износ од 540,00 денари бруто односно 486,00 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 490,00 денари бруто односно 441,00 денари нето е поголема за 10,2%”, информираат од Алкалоид.

Годишното Собрание на акционери ќе се одржи на 1 април 2024 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, на бул. Александар Македонски бр. 12, Скопје, Република Северна Македонија.