Глигор Цветанов, директорот на кондиторската фабрика Макпрогрес, најголем извозник во прехранбената индустрија, влегува и во бизнисот за производство на заштитни маски.
Според официјално објавените информации, станува збор за инвестиција на Цветанов со уште двајца партнери Орце Јовановски и Никола Цветановски во нова фабрика за производство на заштитни маски и друга заштитна опрема.

“Максигард доо Виница е нова и динамична компанија основана со цел да допринесе во заштитата на населението и вработените во институциите и стопанството од вирусни, бактериски, поленски и други загадувања и инфекции. Имајки ги во предвид актуелната зараза со Ковид19 како и недостатокот на заштитни маски за населението, институциите и индустријата но и досегашните превисоки цени на заштитните маски, Максигард доо Виница инвестираше во нови модерни производни линии за производство на заштитни маски. За почеток се отворени 8 нови работни места а во наредниот период ќе следат уште нови вработувања”, објави Цветанов на својот ФБ профил.

Во новата фабрика Максигард ќе се произведуваат Производи се со врвна заштита со CE-знак, а компанијата располага  со ISO 9001 стандард за менаџмент со квалитет, ккао