На годишна основа најголем пад забележан е во Ирска, Естонија и Бугарија

Индустриското производство нагло се намали во ЕУ и еврозоната во јануари, покажуваат најновите податоци кои ги објави Еуростат.

Производството во еврозоната во јануари падна за 6,7% на годишно ниво, додека падот во земјите од ЕУ изнесува 5,7%, објави Евростат.

Индустриското производство во еврозоната е намалено за 12,1% кај капиталните производи, 8,4% кај трајните производи за широка потрошувачка, 3,1% за нетрајните производи за широка потрошувачка, 2,5% за интермедијарните производи и 0,3% кај енергијата.

Во земјите членки на ЕУ, производството е намалено за 10,1% кај капиталните производи, 8,1% кај трајните производи за широка потрошувачка, 3,3% за интермедијарни производи, 1,3% за нетрајни производи за широка потрошувачка, 0,6% за енергија.

Меѓу земјите-членки, најголем годишен пад на индустриското производство има во Ирска (34,1%), Естонија (8,6%) и Бугарија (7,6%), а најголемо зголемување на индустриското производство има во Словенија (12,2%), Грција (10,5%) и Данска (5,3%).

На месечна основа, индустриското производство бележи пд од 3,2% во еврозоната и 2,1% во ЕУ.

Еврозоната ги претставува земјите-членки кои ја користат единствената валута – еврото – додека ЕУ27 ги вклучува сите земји-членки на блокот.

Извор: Eurostat
Фото: Freepik