Јапонската Toyo tires ќе инвестира над 360 милиони евра во фабрика за гуми во Србија

Јапонската компанија за пневматици „Тојо гуми“ официјално стана сопственик на 63 хектари земја во североисточната индустриска зона во Инџија.
“Тоа е резултат на тригодишните преговори на оваа компанија со Владата на Србија, Агенцијата за развој на Србија и Општина Инџија, а се манифестираше преку потпишување на договорот на 16 септември за отуѓување на градежно земјиште во јавна сопственост на Република Србија”, пренесува српскиoт портал ekapija, повикувајќи се на официјални информации од општината Инџија.

Ова официјално го потврди доаѓањето на еден од најголемите светски производители на гуми за моторни возила во Инџија, каде во наредниот период тие ќе изградат фабрички хали со површина од 300.000 м2 . Во првата фаза, 523 работници ќе бидат вработени на неопределено време, при што просечната плата на вработените ќе биде поголема во однос на националниот просек.

До крајот на 2023 година, јапонската компанија треба да инвестира 364 милиони евра во постројки и опрема.
“Фактот дека преговорите траеја три години и дека неколку европски земји изразија интерес за оваа инвестиција покажува колку биле несигурни преговорите и „борбата“ за доаѓањето на јапонскиот инвеститор. Најголеми конкуренти на Инџија беа градовите Кошице во Словачка и Гдањск во Полска”, се наведува на страницата на општината Инџија.
Нагласено е дека ова претставува голема победа на Инџија и Република Србија затоа што, освен од економски аспект, доаѓањето на јапонскиот инвеститор има и пошироко политичко и безбедносно значење, особено имајќи ја предвид геостратешката позиција на нашата земја и предизвиците со кои се соочуваме.