5.8 C
Skopje
среда, февруари 18, 2026

Владата ќе излезе во пресрет на барањето на Комората целиот ланец на месната индустрија да биде покриен со субвенционирана електрична енергија

Владата на РСМ ќе излезе во пресрет на барањето на Стопанската комора на Северна Македонија за проширување на списокот со дејности коишто ќе бидат поддршани со мерката субвенционирана електрична енергија од 80 евра за мегават/час.

Со новата Одлука за преземање на мерка во услови на постоење на кризна состојба со електрична енергија, што според најавите на министерот за економија Крешник Бектеши ќе биде усвоена утре, покрај „одгледувањето на живина’, ќе бидат додадени и шифрите на дејности за одгледување на свињи, молзни крави, овци и кози, со што целиот ланец на месната индустрија ќе биде покриен со субвенционирана електрична енергија.

Оваа нова Одлука ќе овозможи сите коишто имаат фарми за одгледување на животни и се наоѓаат на слободниот пазар на електрична енергија, да бидат подеднакво третирани со мерките. Воедно, тоа ќе придонесе и кон зачувување на сточниот фонд во нашата држава, во услови кога истите се најпогодени од енергетската криза.

Стопанската комора преку Кризниот штаб во изминатиот месец дена континуирано е во посета на компаниите од каде директно ги согледува состојбите. При посетите компаниите одгледувачи на животни укажуваат дека работат во отежнети услови зашто сточната храна веќе е поскапена за 70%, бележат екстремен раст на транспортните трошоци и на сметките за струја и сето тоа го доведува во прашање опстанокот на овие бизниси.

Кризниот штаб при Стопанската комора на СМ користи прилика и јавно да се заблагодари за поддршката и напорот кои Владата, во овие исклучително тешки времиња на стопанисување, ги дава во насока на поддршка на бизнисите. Само преку ваков начин на делување и соработка може да има успех за сите. 

Кризниот штаб продолжува во напорите и преговорите со Владата преку разни форми да се даде поддршка на сите компании кои се наоѓаат на слободниот пазар на електрична енергија со цел зачувување на нивната конкурентност дома и во регионот.

ПОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Ве молам внесете го Вашето име тука:

- Advertisment -

НАЈЧИТАНИ

Македонија и САД ќе договараат нов договор за реципрочна, фер и...

Со Договорот ќе се утврди кои македонски производи ќе имаат пристап до американскиот пазар со помали ацрински стапки од основната стапка од 15%, а...
error: Content is protected !!
Exit mobile version