Home Вести Во кои земји најмногу се извезува руската нафта?

Во кои земји најмногу се извезува руската нафта?

Американскиот претседател Џо Бајден вчера објави дека САД ќе го забранат увозот на нафта, гас и нафтени деривати од Русија. Велика Британија исто така објави дека постепено ќе забрани увоз на руска нафта.
Оваие потези се дел од санкциите кои САД и западните сојузници ги преземаат за да ја казнат Русија за војната инвазија во Украина.
Европските земји, барем засега, ја отфрлија можноста да воведат забрана за увоз на руска нафта и гас со оглед на големиот увоз од Русија кои достигнува ад 30% од вкупната потрошувачка на нафта и гас.

Колку забраната од овие земји би ја погодила руската економија, која е зависна од приходите од продажба на нафта во странство? Русија е втор најголем извозник на сурова нафта во светот и трет најголем производител во нафта.

Извозот на нафта учествува со 44% во вкупните приходи од извоз на Русија. Според податоците од Comtrade, Кина е далеку најголемиот купувач на руската сурова нафта со учество од 32,8% во вкупниот извоз, покажува графиконот на Statista.

Комбинираното учество на В.Британија (1,8%) и САД (1,3%) изнесува 2,8% во вкупниот извоз на руска нафта. Ако покрај суровата нафта се додаде и извозот на нафтените деривати во САД, учеството на американскиот пазар во вкупниот извоз на нафта и нафтени деривати изнесува 3%.

Втор најголем увозник на руската сурова нафта е Холандија со учество од 13% во вкупниот руски извоз, следи Германија со учество од 6,3%. Доколу ЕУ воведе забрана за увоз на суровата нафта од Русија тогаш со овој потег би се одразил со 40% намалување на рускиот извоз.

Но, очигледно тоа би бил потег од кој силно би биле погодени и руската, но и најголемите европски економии.

error: Content is protected !!
Exit mobile version