Станува јасно дека геополитичките случувања ќе играат сè поважна улога во обликувањето на глобалната економија. Многу аналитичари веруваат дека синџирите на снабдување ќе бидат реконфигурирани според геополитичките зацртани линии.
Сепак, економистите нагласуваат дека нема да бидат погодени сите региони слично и дека тоа може да предизвика преобликување на сегашните глобализирани трговски мрежи.
“Се чини сè се поверојатно глобалната економска интеграција да еволуира за да се создадат поизразени трговски блокови. Напредокот на Европа во намалувањето на зависноста од руската енергија е еден таков пример. Санкциите, исто така, може да доведат до тоа земји како на пример Русија да посилно да ги зацврстат партнерствата со партнери надвор од Европа и САД. Европа, на крајот, може да биде изложена на ризик од стагфлација, при што инфлацијата останува висока, додека економскиот раст и создавањето работни места не можат да продолжат благодарение на овие надворешни фактори”, се вели во прогнозата од Светскиот економски форум.
Овие промени, сепак, немаат само негативни последици за некои региони. Додека некои земји се соочуваат со темни облаци, некои земји може на среден рок да профитираат од оваа криза. Економистите, во најголем дел, се оптимисти за изгледите за Азија, како и МЕНА регионот, каде земјите како Саудиска Арабија растат со 7,5%, и Јужна Азија, каде Индија и Индонезија и двете ќе пораснат со над 5%.
„Ова може да предизвика рамнотежата на економската моќ да продолжи да се поместува на Исток, нешто што започна како процес со пандемијата на Ковид 19, но и со руската инвазија на Украина.
Веќе е јасно дека после војната во Украина светот повеќе никогаш нема да биде ист како порано.
Европската Унија е најсилно погодена од овој конфликт и високите цени на енергенсите што се заканува да го намали производството во многу европски индустрии. На долг рок, Европа се соочува со реална закана од големи штети на индустриската база и губењето на конкурентноста на европските компании во однос на останатите компании од Азија, САД и остатокот од светот.
Геополитичките случувања ќе играат сè поважна улога во обликувањето на глобалната економија. Многу аналитичари веруваат дека синџирите на снабдување ќе бидат реконфигурирани според геополитичките зацртани линии, а конкурентската предност ќе ја имаат оние економии кои ќе можат да произведат поевтини енергенси за своите индустрии.