5.8 C
Skopje
среда, февруари 18, 2026

Европскиот пазар на автомобили со прв раст годинава

Европскиот пазар на нови автомобили забележа раст за прв пат годинава, што сугерира закрепнување на автомобилскиот сектор на некои европски пазари, покажуваат денеска објавените податоци од Европската асоцијција на автомобилски производители.
Во септември 2020 година, пазарот на патнички автомобили во ЕУ го забележа првото зголемување годинава. Регистрациите пораснаа за 3,1% минатиот месец и достигнаа 933.987 нови автомобили продадени низ Европската унија, покажува статистиката на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA).

Но, сепак растот е мал и не се однесува на сите европски пазари. Податоците покажуваат дека. Германија и Италија го предводат растот, каде побарувачката е ележи раст заради иницијативите за поддршка на набавка на електрични возила.
Четирите најголеми пазари, сепак, објавија мешани резултати. Загуби се забележани во Шпанија (-13,5%) и Франција (-3,0%), додека Италија (+ 9,5%) и Германија (+ 8,4%) забележаа солидeн раст.


После падот на продажбата на нови автомобили од 55,1% во март и 76,3% во април како последица на мерките преземени од владите за борба против пандемијата на корона вирус, европскиот пазар на автомобили бавно се опоравува.

Податоците покажуваат дека продажбата на автомобили во првите девет месеци е се уште за 29,3% пониска во споредба со истиот период лани, што е еднакво на 2,9 милиони помалку продадени автомобили годинава во споредба со лани.

Најголем пад на продажбата на нови автомобили во првите девет месеци има во Шпанија од 38,3%, Италија (-34,2%), Франција (-29,9%) и Германија (-25,5%).

Продажбите на Volkswagen и Renault пораснаа за 14,1% и 8,1% во септември, додека PSA Group објави пад од 14,1%.

- Advertisment -

НАЈЧИТАНИ

Македонија и САД ќе договараат нов договор за реципрочна, фер и...

Со Договорот ќе се утврди кои македонски производи ќе имаат пристап до американскиот пазар со помали ацрински стапки од основната стапка од 15%, а...
error: Content is protected !!
Exit mobile version