Почнувајќи од денеска, Индонезија ќе го сопре извозот на палмино масло. Оваа мерка следи по остриот пораст на цените на маслото за јадење дома, предизвикано во голем дел од нарушувањата кои произлегуваат од војната на Русија во Украина.
Палминото масло е една од најприсутните прехранбени производи во светот, кое наоѓа широка употреба во прехрнабената и кондиторската индустрија, како и во индустријата за производство на козметика.
Индонезија е најголем светски производител на палмино масло која обезбедува 60% од глобалното снабдување, заради што се очекува дека забраната на извозот ќе предизвика дополннителни главоболки за голем број производители на храна и козметика, но и поскапувања на многу производи.
„Како најголем светски производител на палмино масло, иронично е што се соочуваме со тешкотии да набавиме масло за јадење.Како претседател нема да дозволам тоа да се случи”, изјави претседателот на Индинезија, Јоко Видодо, додавајќи дека извозот ќе продолжи откако ќе се задоволат домашните потреби.
Недостатоците во снабдувањето со сончогледово масло од Украина ги зголемија цените на сите други масла за јадење, вклучувајќи го и палминото масло, кое е клучна состојка во маслото за јадење.
Политиката на Индонезија е најновиот пример на протекционистички мерки бидејќи земјите дејствуваат за да си обезбедат сопствено снабдување со храна во услови на зголемени цени.
Од почетокот на војната кон крајот на февруари, владите поставија 36 ограничувања на извозот на храна и ѓубрива, не сметајќи ги ограничувањата поврзани со санкциите наметнати од различни земји против Русија и Белорусија, според Global Trade Alert, независна организација за мониторинг на трговијата. Тоа е двојно повеќе од бројот на ограничувања воведени пред војната оваа година, покажаа нејзините податоци.
Русија го ограничи извозот на пченица, Казахстан воспостави квоти за извоз на пченица и пченично брашно, додека Египет во март воведе тримесечна забрана за извоз на пченица, пченка и масло за јадење.
Некои аналитичари на палмово масло проценуваат дека забраната веројатно ќе трае само неколку недели, бидејќи Индонезија има ограничен капацитет за складирање и нејзиниот извоз е клучен извор на девизи. Сепак, неговото влијание ќе се почувствува нашироко.
Палминото масло е ретка главна прехранбена стока за која најголемиот дел од глобалната понуда е концентрирана во една земја. Главните увозници на индонезиско палмово масло ги вклучуваат Кина, Индија и САД.
Извор: Wall Street Journal