Само за десетина години, Кина се разви од маргинален во најголем пазар за инсталирање на индустриски роботи.

На неодамнешниот Трет пленум на Комунистичката партија, Кина го претстави правецот на својата економска политика: Пекинг сака да се прилагоди на новата рунда на индустриска трансформација со тоа што употребата на роботи ќе биде мотор на растот.
Кинеската комунистичка партија го постави усвојувањето на производствени роботи главен приоритет, поддржувајќи го со дарежливи субвенции.

 Успешната приказна на Кина со индустриските роботи е единствена: земјата е убедливо најголемиот пазар на роботи во светот.

Додека во 2012 година 12% од сите индустриски роботи ставени во работа во светот беа во Кина, нејзиниот удел на пазарот се искачи на повеќе од половина до 2022 година, според податоците на Меѓународната федерација за роботика IFR (Меѓународна федерација за роботика).

„Брзиот развој на Кина во автоматизацијата на индустриските роботи е извонреден“, вели Марина Бил, претседател на IFR. „Вкупниот број на роботи во функција надмина 1,5 милиони единици пред две години, што ја прави Кина првата и единствена земја со толку голем број на инсталирани индустриски роботи“.

Инсталирањето на 290.258 единици само во 2022 година претставува 52% од глобалниот пазар.

Целите на Кина се прво да стане самодоволна во роботиката, а потоа да ја води индустријата на глобално ниво, односно после да ги извезува индустриските роботи во светот.
Кинескиот роботски иновациски екосистем е динамичен, а кинеската влада прави огромни инвестиции за да ја развие индустријата во земјата.

Побарувачката расте во различни индустрии

За да се задоволи оваа побарувачка, домашните и меѓународните добавувачи на роботи основаа производствени капацитети во Кина и континуирано го зголемуваат својот капацитет.

Огромните инвестиции во автомобилската индустрија ја зголемија побарувачката од 2010 година. Фактот што Кина е најголемиот светски пазар на автомобили и најголемата производствена база во светот за автомобили – вклучувајќи ги и електричните автомобили причина за кинеското усвојување на роботи, бидејќи автомобилската индустрија е главен купувач на индустриски роботи. Кина е исто така главен производител на електронски уреди, батерии, полупроводници и микрочипови. Од 2016 година, електричната и електронската индустрија ја замени автомобилската индустрија како главен клиент и двигател за раст на индустриските роботи во Кина.

Разни други индустрии, исто така, почнаа да ги прошируваат своите способности користејќи напредна технологија за автоматизација.

Роботите ќе бидат една од најважните технологии во следните неколку децении

Индустриските роботи се машини кои може автоматски да извршува сложени дејства. Со напредокот на технологијата и вештачката интелигенција, роботите стануваат сè поспособни за многу задачи. Сите се согласуваат дека роботите ќе бидат една од најважните технологии во следните неколку децении.

Роботите веќе имаат широка примена во повеќе индустрии, вклучително производство, логистика, угостителство, здравство, градежништво и многу други области – и ветуваат многу за враќање на моменталното забавување на глобалната продуктивност.
Одлуката за инсталирање на роботи обично се заснова на заштедите на трошоците што може да се постигнат кога роботот може да изврши задача наместо човечки работник – и тие заштеди на трошоци се директно поврзани со нивоата на компензација на работниците во производството. Затоа, не треба да изненадува што Германија со високи плати има повисока стапка на пенетрација на роботи отколку Индија со ниски плати.
Во 2022 година Кореја беше најголемиот светски усвојувач на индустриски роботи, со над 1.000 роботи на 10.000 работници, додека Сингапур беше втор со 730, следен од Јапонија и Германија со по 400, Кина со 392 и САД со 285 роботи на 10.000 работници, покажуваат податоците на Меѓународната федерација за роботика.



Иако САД ја измислија роботиката, и таа сега се користи барем во производството во земјата, водечките производители на роботи се лоцирани во инженерските моќни земји како Германија, Јапонија и Швајцарија. Јапонија сочинувала 46% од глобалното производство на роботика и 36Т од глобалниот извоз во 2022 година, додека САД учествувале со само 5,4% од глобалниот извоз.

Сепак, по обем, и по производство и употреба, Кина води во светот. И покрај растечкото домашно производство, Кина сè уште е најголемиот увозник на индустриски роботи, што сугерира дека сè уште многу се потпира на странски технологии. Во 2019 година, 71% од новите роботи во Кина беа набавени од странство, вклучително и од Јапонија, Јужна Кореја , Европа и САД.

И како и со многу технологии, Кина има значителни предности во однос на трошоците. Но, дилемата е дали кинеските фирми за роботика можат да иновираат и да го достигнат истото ниво на квалитет како она на светските лидери?

Засега, кинеските производители важат за следачи или копорачи на иноваторите. Сепак, иновацијата не секогаш се претвора во лидерство во производството и продажбата, особено ако брзите следбеници можат брзо и ефективно да копираат и да имаат пониска цена. Или како што некои експети посочуваат, многу кинески роботи сега се 80% добри како и најдобрите странски, но се многу поевтини.


.