Home Вести Интерактивен портал на ЕУ за информации поврзани со патување во државите членки...

Интерактивен портал на ЕУ за информации поврзани со патување во државите членки на ЕУ

Европската унија објави интерактивен портал, на кој се достапни сите информации поврзани со патувањето во државите-членки на ЕУ во процесот на повторно отварање на границите и укинувањето на ограничувањата кои беа воведени како резултат на пандемијата на коронавирусот Ковид-19.
Порталот https://reopen.europa.eu/en/ е достапен на 24 јазици, и се ажирира на дневна основа.

На порталот https://reopen.europa.eu/en/ се достапни сите информации поврзани со патувањето во државите-членки на ЕУ од страна на државјани на ЕУ и државјани на трети држави, можностите за транзит, користење на авионски и поморски сообраќај во таа држава, потребните документи или процедури за влез во таа држава поврзани со спречување на ширењето на коронавирусот Ковид-19, достапноста на услугите во таа држава (продавници, хотели, ресторани, барови), како и за важечките мерки поврзани со спречување на ширењето на коронавирусот Ковид-19 (обврска за носење маски, примена на посебни протоколи и заштитни мерки).

Извор: Стопанска комора на Македонија

error: Content is protected !!
Exit mobile version