Казахстан потпиша договор за купување 300 американски локомотиви, како и друга железничка опрема од американската корпорација „Wabtec“, во вредност од 4,2 милијарди долари. Министерството за трговија на САД го опиша како најголем договор за железница во историјата на САД, a истовремено е и најголем договор во историјата на Wabtec.
Зделката ја објави и лично претседателот Доналд Трамп честитајќи му на претседателот Токаев за големата набавка.
Договорот ќе ѝ обезбеди на националната железничка компанија на Казахстан „Казахстан Темир Жоли“300 „комплети за тешки локомотиви од серијата ES44Aci од серијата „еволуција“.
„Овој значаен договор ги унапредува работните места во производството во САД и го забрзува растот, можностите и поврзаноста во Америка и Централна Азија“,во следната деценија“, изјави министерот за трговија Хауард Лутник за време на церемонијата на потпишување во Њујорк со казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев.
Оваа зделка се очекува да поддржи 11.000 работни места во САД.
Американската компанија Wabtec е присутна со сопствена фабрика и во Македонија. Според рангирањето во најновото издание на „ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ“, кое ќе биде објавено на почетокот на ноември, таа се наоѓа на 20-то место меѓу најголемите извозници од земјата, со остварен извоз од над 47 милиони евра.
Корпорацијата Wabtec е водечки глобален снабдувач на опрема, системи, дигитални решенија и услуги со додадена вредност за индустриите за товарен и транзитен железнички сообраќај, како и за пазарите за рударство, море и индустрија.