Пандемијата на Ковид 19 предизвика огромни човечки загуби и штети во економиите и трговијата во целиот свет. Податоците покажуваат огромни штети и пад на македонската економија, Во април и мај годинава македонските компании имаат голем пад на извозот од 60% и 40% во споредба си истиот период лани, што предизвикува сериозни проблеми со ликвидноста кај многу извозници.

Повеќето од бизнисмените велат дека се трудат со сите напори да го реорганизираат работењето согласно сите протоколи и мерки за заштита и да не отпуштаат работници, но дека немаат капацитет да издржат уште долго, особено ако побарувачката од странските пазари продолжи да паѓа.
Според проценките, извозот годинава би можел да има пад од над 20%, а во некои индустри кои се најпогодени тој би можел да биде и поголем..
За да се спречат поголеми отпуштања на работниците, извознциите апелираат дека државата ќе мора да најде начин да им се олесни работењето преку рершавање на проблемите кои ги прават неконкурентни, а за што апелираат со години наназад.

Двете најголеми политички партии, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ во своите изборни програми имаат посветено посебни делови во кои се ветуваат мерки и политики за поддршка на извозот и извозните компании.

Иако програмата на ВМРО ДПМНЕ е пообемна во делот на ветувањата за поддршка на извозот, добар дел од она што е наведено и во двете програми се ветувања кои се слушаат во последните две-три децении, но се уште не се релизирани.

Една од тие мерки е и ветувањето за реформи во државната Развојна банка, за која и двете партии ветуваат докапитализација и кадровска засилување, односно дека конечно ќе стане она за што е формирана, банка за  поддршка на развојот и извозните компании.

Исто така и двете партии ветуваат многу поголема поддршка за извозните компании за настап на саеми и странски пазари и зајакнување на економската дипломатија, кои се исто така работи за кои се зборува со години наназад, а кои никако да профункционираат.


СДСМ ветува укинување на ДДВ за увоз на суровини и машини за извознииците
 

Едно од главните и нови ветувања кои ги дава СДСМ во својата предизборна програма е донесување на нов Закон за данок на додадена вредност преку кој ќе се овозможат даночни бенефиции за претпријатијата што се извозно ориентирани, со кој фирмите извозници при увозот нема да плаќаат ДДВ за суровините и машините што се наменети за извоз.


Понатаму, СДСМ ветува нов Закон за царинска тарифа и забрзано приспособување (укинување, елиминирање и намалување на висината на царинските стапки и царинските тарифи) во корелација со висината на царинските стапки во Заедничката царинска тарифа на Европската Унија, што треба да обезбеди пониски цени за домашните компании за суровините и репроматеријалите, правејќи ги компаниите поконкурентни за извоз.

СДСМ во програмата ветува дека ако остане на власт ќе ветува дека ќе ги  субвенционира трошоците на извозните компании кои поседуваат TUV и CE сертификат за производите за настап на еден саем годишно во Европа и еден саем годишно по избор во САД, Африка или Азија, во висина од 50% од трошокот за учество.

“Ќе ја докапитализираме Развојната банка на Северна Македонија и ќе овозможиме јасни, мерливи и ефективни инструменти за финансирање на извозните потреби на компаниите, односно директно финансирање на извозот и зголемување на неговиот обем и конкурентност на македонските производи и услуги” се вели во програмата на владејачката партија.

СДСМ го споменува и членството во НАТО како шанса за извозниците и бизнис заедницата. “Со полноправното членство, за нашите компании се отвори и големиот ланец на набавки/снабдување со производи за потребите на НАТО Алијансата. Ги обезбедивме првите информации и контакти со соодветните НАТО агенции. Во новиот мандат стратешки ќе помогнеме на сите наши заинтересирани фирми поорганизирано да ја искористат шанса за развој и поголем извоз од членството во НАТО”.

СДСМ дава и детални ветувања за тоа како Министерството за надворешни работи ќе има многу посилна улога во економската дипломатија.  “Дипломатската служба ќе се зајакне со капацитети на финансиско-економска експертиза која ќе помага во изработувањето на длабински анализи заради препознавање на можностите на странските пазари, а се со цел зголемување на извозот на македонските производи и услуги, промоција на туризмот како и корпоративно ширење на македонските претпријатијата надвор од домашниот пазар”.

СДСМ добар дел од програмата посветува и на тоа што досега направиле за да го олеснат извозот и надвоорешно-трговското работење на македонските компании.
Се потенцира дека до највисок можен степен ја зголемиле употребата на поедноставените царински постапки за извоз и увоз, дека го вовеле концептот на Овластен економски оператор (ОЕО) за компаниите, а како еден од досегашните големи успеси ја истакнуваат дигитализација на царинското работење, Е-царина и бесхартиени царински постапки. “На овој начин, за производителите, увозниците и извозниците на годишно ниво им обезбедивме заштеди и индиректна поддршка од околу 10 милиони евра, преку намалување на времето за извоз и увоз”, се вели во Програмата на СДСМ. кои придонесе за 

Понатаму се истакнува и воведувањето на директната поддршка на македонските компании за извоз на производи и услуги во рамки на Планот за економски раст и Законот за финансиска поддршка на инвестициите во насока на авансно финансирање на технолошките и на иновативните потреби во функција на извозот во висина од 10% до 15% на проектираната инвестиција.

 

ВМРО-ДПМНЕ ветува нов развоен модел базиран на поголем извоз

ВМРО-ДПМНЕ во својата програма ветува дека ако дојде на власт ќе понуди нов развоен концепт базиран на модерна индустријализација и подобрување на извозните перформанси преку зголемување на бројот на извозни производи кои имаат повисоко ниво на додадена вредност, зголемување на бројот на извозни компании и бројот на извозни пазари.

За таа цел, се планира системски да се поддржат домашните извозно ориентирани компании во нивните напори за производно, техничко-технолошко, кадровско и организациско преструктурирање со цел градење на поголема конкурентност за настап на светските пазари и поголеми можности за интегрирање во националните, регионалните и глобалните синџири на снабдување.

Истовремено, опозициската партија најавува дека ако дојде на власт ќе креира нов модел за привлекување на странски инвестиции во насока на мапирање на оние компании чиј извоз ќе има поголема додадена вредност и поголеми ефекти за домашната економија од аспект на креирање на работни места со повисоки плати и поголема интеграција на домашните компании како нивни добавувачи.
Со тоа би се напуштил досегашниот концепт на давање повластени услови за странски компании единствено врз база на критериумите за износот на инвестицијата и бројот на директни вработувања.

ВМРО ДПМНЕ се обврзува дека ќе ги олесни административните процедури со кои се соочуваат домашните компании со цел поефикасно пласирање на своите производи и услуги на домашниот пазар, а особено во насока на олеснување на процедурите за извоз на европските и светските пазари.
За таа цел, се предвидува основање на централна канцеларија или Центар за поддршка на бизнис-заедницата, која ќе има за цел да им помогне на компаниите кои работат на домашниот пазар или се извозно ориентирани компании, на едно место да ги добијат информациите за потребната документација за производство, пласман или извоз на производот, како и администрирање на истата.

За имплементација на новиот развоен концепт базиран на модерна индустријализација и зголемување на извозната конкурентност на македонските компании, ДПМНЕ ветува дека постоечкото Министерство за економија ќе биде трансформирано во Министерство за индустрија, трговија и развој како функционална институција која ќе се грижи за развојот на земјата преку поддршка на индустријата и извозот.
Дополнително, заради нефункционалност планираат да се укине постоечката позиција Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресорири во земјата, како и министрите од економските ресори.

Наместо досегашниот План за економски раст, ВМРО ветува дека финансиската поддршка за зголемување на извозната конкурентност на домашните компании ќе ја заснова на претходно изработена детална дијагностика и скенирање на перформансите на самите компании со цел финансиската поддршка да биде насочена кон оние компании кои имаат најголеми развојни и извозни потенцијали со цел да се зголемат нивните конкурентски предности. За таа цел се предвидува финансиска поддршка од 30% до 50% од од вкупната инвестиција , но не повеќе од 200 илјади евра по компанија, при шти компанијата ќе има обврска да ги зголеми платите на работниците за 5% една година по завршување на проектот.

ВМРО ветува и формирање на мрежа на извозни промотори, кои ќе им помагаат на извозните компании во барање на нови пазари и трговски партнери. Понатаму, се ветува дека ако партијата дојде на власт субвенционирање 50% (не повеќе од 20 илјади евра) од трошоците на фирмите за настап на саеми.

И ВМРО, како и СДСМ ветува реформирање на државната Развојна банка, преку зајакнување на кадровските капацитети и обезбедување повеќе пари за нови продукти за поддршка на извозните компании, со што би станала клучна институција за поддршка на развојот на земјата. Оваа банка би давала и кредити за подигнување на стандардите