Македонските компании котирани на Македонската берза периопдпв ги презентираа резултатите од работењето во првиот квартал. Резултатите се измешани, многу големи компании потонаа во загуби и пад на профитабилноста, некои успеале да ги одржат продажбите, со оглед дека кризата со пандемијата почна во втората половина од март или заради фактот што нивните произоди повеќе се продаваа во кризата.

Некои сектори како туризам, угостителство и транспорт беа директно погодени, но речиси сите индустрии ги почуствуваа ефектите од затворените граници, намалената економска активност и падот во потрошувачката. Заради затворањето на границите повеќето компании се соочиле со сериозни проблеми да ги обезбедат суровините и производите кои им се потребни за производство, но и со зголемување на трошоците за транспорт и изнаоѓање на превозници.

Повеќето од котираните компании велат дека последиците од корона вирусот ќе се почуствуваат посилно во вториот и третиот квартал. Очекувањата се дека бројките за вториот квартал ќе бидат особено лоши.

Мерките кои беа преземни од државата, но и од речиси целиот свет за спречување на ширењето на вирусот, имаа влијание врз намалување на производството, заради отсуство на работници, зголемување на трошоците за производство заради новите здравствени протоколи за заштита, но и врз намалување на потрошувачката и побарувачката дома и од странство.

Ако во првиот квартал со многу проблеми и поголеми трошоци ги испорачувале она што било нарачано пред кризата, кај многу компании дека нарачките од странство за мај и јуни се намалени, кај некои индустрии дури до 40%.
Но, со оглед на фактот што многу големи фабрики, вклучително и од оние во зоните кои произведуваат делови за европската автомобилска индустрија ги затворија производните погони во април и воопшто не работеа повеќе од две недели, падот на извозот во државата во април може да биде и до 50%.

Ова се разбира создава сериозен пад на приходите на компаниите, заради што посериозните проблеми со ликвидноста се очекува да почнат во мај и јуни и да продолжат до есента, со оглед дека третиот квартал и онака е секогаш најслаб.

Сите проценки и очекувања на компаниите зависат од тоа како ќе се развива оваа криза. Ако дојде до заздравување во втората половина годинава, може да се очекува годинава да заврши со помал пад на финансиските резултати. Но, кога станува збор за македонската економија, за поголема неизвесност придонесуваат и изборите кои би требало да се одржат летово и кои дополнително ќе ги забават некои просеци за пост-Ковид рестар на економијата.

Заради преголемата неизвесност, многу компании не се ни осудуваат да прават проценки со какви резултати ќе ја завршат годината.
Но, секако согласно проценките за пад на македонската економија од околу 4% годинава, кој ќе биде многу поголем и до 20% во вториот квартал, може да се очекува дека забавената економска активност ќе се почуствува во секоја индустрија и секоја област.

Што очекуваат компаниите?

 

Од 30-те најголеми котирани компании на Македонската берза, 13 имале пад на приходите во првиот квартал. Најголем пад на приходите од продажба бележат Мермерен комбинат (-66%), ЗК Пелагонија (- 415), кожарската фабрика Димко Митрев од Велес (-41%), Македонија Турист (-33%), Фабриката за цевки 11 Октомври (-28%), Бетон (-27%), Аутомакедонија (-14%), Гранит (8%)

Голема способност за брзо прилогодување во новонастанатите услови покажаа Алкалоид која има раст на приходите од продажба од 19% во првиот квартал и Витаминка со раст на приходите од продажба од 12%. Но, дури и за нив одржувањето на ликвидноста добива врвен приоритет.

Од Алкалоид очекуваат во текот на вториот и на третиот квартал да дојде до одредено балансирање на нивото на залихите кај купувачи, како и до намалување на порастот на приходите од продажби во однос на почетниот квартал. Одржувањето на тековната ликвидност останува потенцијален предизвик и добива врвен приоритет за компанијата во следниот период.
Од компанијатав очекуваат резултатите од работењето до крајот на годинава да се движат во рамките на веќе зацртаните плански цели за 2020 година.
Од Витаминка велат дека поради големата неизвесност од идниот развој на ситуацијата со коронавирусот, на меѓународно и локално ниво, не е можно да се направат сигурни и точни проценки на потенцијалното идно влијание врз финансиската состојба и резултатите од деловните активности на компанијата, но потенцираат дека согласно со пораките ќе биде потребна  посебна грижа за готовинскиот тек на друштвото.
Очекувањата за вториот квартал кај некои компании се далеку полоши.Секторот на производство на производи од челик во кои работат Макстил и ФЗЦ 11 Октомври, е дополнително погоден од воведувањето на заштитните квоти кои ги воведе ЕУ за увоз на челик од трети земји и компаниите од овој сектор очекуваат полоши резултати во вториот квартал. Макстил има пад на нарачките од странство од 40% , а ФЗЦ воопшто нема да работи во мај и јуни.
Најголемата винарска визба Тиквеш информираше дека со воведувањето на мерките и затворањето на угостителските објекти, продажбата на вино е намалена за 50%. Но, очекува полоши резултати во вториот квартал и особено за време на бербата на грозје, заради тоа што залихите на вино кај многу винарници се големи заради намалената продажба.
Намалени нарачки, помало производство и помали приходи од продажба очекува и кондиторската фабрика Европа.
Многу компании работеа со огромни загуба. Окта која остварила најголеми приходи од 80,2 милиони евра во првиот квартал работела со загуба од дури 4,85 милиони евра, поради падот на меѓународните цени на нафтата.

И Анкетата на Стопанската комора на Македонија покажуваат дека најтешкото допрва не очекува во мај и јуни, кога многу компании изјавиле дека очекуваат проблеми со одржување на ликвидноста и намален извоз.