Во кинеските пристаништа, бројот на преноси со контејнери падна за повеќе од 20%. Канцелариите на логистичките оператори во Вухан и Тијанџин сè уште се затворени, пишува Trans.Info.
Во вакви околности логистичките оператори се трудат на клиентите да им понудат алтернатива во форма на воздушен или железнички транспорт. Но, ако се има во предвид дека поморскиот транспорт учествува со околу 95% од сите товари што се превезуваат во светот, сосема е јасно дека не е можно сите овие стоки да се пренесат на други превозни средства без значителни одложувања .
И покрај фактот што повеќето авиокомпании ги откажаа патнички летов, товарните авио линии засега работат без поголеми нарушувања.
Сепак, силното влијание на коронавирусот врз ланците за снабдување е исто така видливо.
„Цените за воздушниот товарен транспорт кон Кина, во споредба со цените пред кинеската Нова година, се зголемени и за повеќе од 100%. Тоа ги обесхрабрува компаниите да го користат авио товарниот транспорт и ја ограничува трговијата со стоки на потребниот минимум, овозможувајќи им на компаниите главно да ги задоволат потребите за производство.
Одреден дел од транспортот на товар го презеде железничкиот сообраќај. Сепак, интересот за железничкиот товараен транспорт е зголемен само минимално.
Тоа се објаснува со фактот дека многу фабрики во Кина се се уште затворени. Достапноста на возачи во Кина, кои можат да ја пренесат испораката на стоки до железничките терминали, како и ограничувањата во патниот сообраќај помеѓу одделните провинции, остануваат се уште голема пречка .
Логистичките оператори очекуваат значително зголемување на обемот, кога фабриките ќе се вратат во нормална работа и итно ќе бидат потребни производите чии производство било значително одложено.
Неодамна првиот човек на данскиот поморски превозник A.P. Moller-Maersk, Сорен Скоу изјави дека компанијата очекува сериозната состојба на пазарот да се промени во рок од два месеци. Според него, март треба да биде последниот слаб месец, проследено со „силен скок“ во април.
Само копанијата Maersk откажала повеќе од 50 транспорти од Кина вопшериод од две недели. Но, и другите компании се соочуваат со нарушувања во синџирите на снабдување ширум светот, предизвикани од корона вирусот.
Канцелариите на DB Schenker во Вухан и Тијанџин се сè уште затворени. Меѓу најголемите закани за поморскиот товарен превоз се зголемувањето на цените и недостигот на производство.
Патниот транспорт, од друга страна, се соочува со големи ограничувањата, а железничкиѕе товарни лиции до Вухан и Женгжоу се прекинати.
Сепак, обемот на проблемите го усложнува разговорите и размислувањата за алтернативни реженија што ќе можат да го заштитат целиот ланец на снабдување. Особено во компании кои се целосно зависни од испораките од Кина. Логистичките оператори се свесни дека е нереално да се подготви кризна стратегија за целосно да се обезбеди ланецот на снабдување. Во моментот тие се обидуваат да ги ограничат загубите и да ги минимизираат негативните влијанија.