Министрите од земјите членки на ОПЕК и нивните сојузници неделава треба да се сретнат за да одлучат дали и понатаму ќе го намалат производството на нафта во обид да го спречат падот на цената на нафтата.
Отако не успеа да ја убеди Русија состанокот да се одржи порано, Саудиска Арабија сега ќе се надева дека ќе го убеди својот најголем сојузник во потребата од поголеминамалувања во услови на намалена побарувачка предизвикана од вирусот Covid 19. Успехот не се знае однапред, а неуспехот ќе биде скап.
Цената на брент нафтата е веќе длабоко под 50 долари за барел, а без јасни сигнали цените на нафтата ќе продолжат да паѓаат.
Бидејќи ако корона вирусот не се стави брзо под контрола, кој досега ги остави фабриките во Кина затворени и го умртви најголемиот индустриски центар во Италија, можно е воопшто да нема потреба од нафта.
Проценките од трите главни аналитички агенции се уште покажуваат раст на побарувачката за нафта во 2020 година, тоа во новонастанатата ситуација изгледа преоптимистично.
Наспроти тоа, искусните консултанти за енергетика на агенцијата FGE ја намалија нивната прогноза за раст за оваа година на „ нула“.
Тие го засноваат својот песимизам врз брзото ширење на вирусот надвор од Кина. Епидемијата не е веќе само кинески проблем и економските ефекти од ширењето на вирусот надвор од Кина се веќе јасни.
Побарувачката за младно гориво во САД во последните десет недели е намалена за 18% заради пжнамалените патувања, а патувањата по автопатите околу Милано се намалени за повеќе од една четвртина. Исти податоци стигаат ид од Кувајт.
Аналитичарите предвидуваат дека доколку на биде постигната согласност за поголемо намалување на производството оваа недела, тоа би можело да ја спушти нафатта и до 30 долари во одреден период.