Логистичките компании и железничките оператори пријавија пораст на побарувачката за железнички транспорт од Азија до Европа преку Русија, по прекинот на морските рути предизвикани од неодамнешните напади на Хутите во Црвеното Море.
Повеќето големи контејнерски бродски линии ги пренасочија своите азиско-европски пловидби подалеку од Суецкиот канал поради тековните напади врз трговските бродови, што го нарушува глобалниот трговски тек.
Пренасочувањето на бродовите околу африканскиот РТ на добра надеж не само што додаде 10-15 дена на патувањата, туку резултираше и со бројни доплати и зголемени трошоци.
Според извештајот на China Daily, логистичките компании ги преиспитуваат рутите низ Русија како одговор на нестабилната ситуација во Црвеното Море.
Фајненшл тајмс ја цитираше германската ДХЛ дека побарувачката за преместување стоки на руската железничка рута се зголемила за околу 40% откако контејнерските бродови почнаа да ја избираат подолгата рута во декември, при што RailGate Europe извести за зголемување од 25 до 35 % во барањата и Раил Бриџ Карго со седиште во Холандија, забележува зголемување од 31 отсто во железничкиот товарен сообраќај низ Русија во споредба со ова време минатата година.
„Барањата се зголемија за околу 40% од почетокот на ситуацијата во Црвеното Море. Огромно мнозинство минува низ Русија“, изјавија од DHL.
Според DHL, значителен дел од стоките што се движат од Азија во Европа со железница го користат „западниот коридор“ преку Казахстан во Русија и Белорусија, додека дел од сообраќајот го следи „северниот коридор“, преминувајќи директно од Кина во Русија источно од Монголија.
Железницата се покажува привлечна за испраќачите поради нејзината економичност во споредба со воздушниот товар и побрзото време на испорака од океанскиот превоз, пишува американскиот медиум CNBC.
Патувањето од Кина преку Русија до европските земји трае помеѓу 14 и 25 дена, во зависност за потеклото и дестинацијата, транзитно време кое е „значително подобро“ од океанскиот транспорт .