5.8 C
Skopje
среда, февруари 18, 2026

Македонската економија со раст од 3,4% во вториот квартал, најголем придонес има градежништвото

Бруто-домашниот производ порасна за 3,4% во второто тримесечје од 2025 година во однос на второто тримесечје од 2024 година, објави Државниот завод за статистика.

Во второто тримесечје од 2025 година, поголем пораст е забележан во секторите: Градежништво од 7,3 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 6%% и Рударство и вадење на камен; Преработувачка индустрија; Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација; Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината од 3.9 %. 

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги и непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2025 година, номинално расте за 6,1 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 68,5 %.

Во истиот период извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 6,4 %, а увозот на стоки и на услуги исто така бележи зголемување во номинален износ од 7,3 %.

Според сезонски и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во второто тримесечје од 2025 година во однос на второто тримесечје од 2024 година е 3,2 %.

ПОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Ве молам внесете го Вашето име тука:

- Advertisment -

НАЈЧИТАНИ

Македонија и САД ќе договараат нов договор за реципрочна, фер и...

Со Договорот ќе се утврди кои македонски производи ќе имаат пристап до американскиот пазар со помали ацрински стапки од основната стапка од 15%, а...
error: Content is protected !!
Exit mobile version