Забавувањето на германската економија и проблемите со кои се соочува индустријата во најсилната европска економија понаа да се чувствуваат и врз македонската економија.

Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека извозот на производи од Македонија во Германија во април изнесувал 280 милиони евра и бележи пад од 12,1%, односно е помал за 38,6 милиони евра помал во споредба со истиот месец лани кога на германскиот пазар од земјава биле извезени производи вредни близу 318 милиони евра.

Гледано количински извозот во април во Германија бил помал за 7,1% во споредба со април минатата 2021 година.

Во периодот јануари –април 2022 година на германскиот пазар биле извезени производи биле извезени производи вредни 1,1 милијарда евра, што претставува 43,4% од вкупниот извоз на државата. Извозот во Германија во првите четири месеци годинава бил за  2,5% помал во споредба со истиот период лани.  Количинскиот извоз во Германија во првите четири месеци e помал за 2,9% во споредба со истиот период лани.

Повеќе од половина од извозот во Германија во првите четири месеци годинава или 723 милиони евра отпаѓа на извозот на хемиски производи, поточно катализатори и апарати за прочистување кои ги произведува Џонсон Мети во фабриката во Бунарџик, а кои се вградуваат во автомобилите кои ги произведува германската автоиндустрија.

Извозот на автомобилски делови, односно машини и транспортни уреди во овој период изнесувал 270 милиони евра. На овие две категории отпаѓа вкупно 993 милиони евра или близу 90% од вкупниот извоз во Германија од земјава.

Индустријата за автомобилски делови во Македонија, која е речиси целосно поврзана со германската автомобилска индустрија, создава повеќе од половина од македонскиот извоз и вработува над 20 лица.

Податоците од германскиот уред за статистика Дестатис објавени денеска покажуваат дека индустриското производство во Германија во април бележи пад од 2,2% во споредба со април минатата 2021 година. Во споредба со претходниот месец март, индустрискорто производство во април се зголеми за 0,7%.
Германското индустриско производство забележа годишен пад од 3,1% и во март.

Германската економија се соочува со сериозни проблеми заради војната во Украина и високиот раст на цените на енергенсите.