По пожарот кој ја зафати производниот погон на фавриката Винчини, од компанијата Макпрогрес од Виница соопштуваат дека сите вработени се вратени на работа и прераспроделени на други работни места.

Целиот наш тим е вратен и целосно прилагоден во фабриките Винчини, Сан Вали, Фентези, Нејчр, Донија и Фабриката за чоколадо Винчини“, соопштуваат од Макпрогрес.

Од компанијата уште еднаш искрено и од срце се заблагодаруваат за огромната поддршка од целата македонска јавноста.

Ова е феномен, да се види како цела Македонија застана зад домашен бренд и зад мал град како Виница. Тоа отсега ќе го дефинира нашиот бренд и нашата приказна“, велат од Макпрогрес и со гордост потенцирајќи дека Винчини ќе продолжи да носи радост и позитивни моменти