Извоз.МК е специјализиран портал во чиј фокус се информации за поддршка на македонскиот извоз и извозните компании преку обединување на едно место на сите информации, пазарни трендови и истражувања од значење за олеснување на интернационализација на бизнисите, како и промовирање на добрите домашни и странски практики во градење на успешна извозна стратегија.
Што може да очекувате ако се рекламирате во Извоз.МК?
- Дигитално огласување преку различни видови на рекламни банери и објава на промотивни текстови за вашата компанија и интервјуа на специјализиран портал кој дневно ажурира текстови и информации од областа на извоз и надворешна трговија, економија, меѓународната трговија, логистика, финансиски и осигурителни услуги.
- Јасно дефинирана целна група. Целна група на Извоз.МК се компании кои извезуваат и тргуваат со странство, кои се меѓу најуспешните во земјата; логистички компании и компании кои нудат опрема и решенија за транспорт и логистика; банки и осигурителни компании кои нудат производи и услуги за поддршка на надворешно-трговското работење.
- Поддршка при изборот, подготовката и пласман на промотивните материјали од новинари со долгогодишно искуство во покривање на бизнис и економија, поткрепени со аналитички и проверени информации и податоци.
- Поголема видливост преку останати канали и социјални мрежи (Facebook, Linkedin)
Доколку сте заинтересирани за соработка контактирајте не на marketing@izvoz.mk
или на телефонскиот број +389 70 401 162.
Ценовникот за рекламирање во pdf формат можете да го симнете на следниов линк.