Глобалниот економски колапс предизвикан од коронавирусот нема да биде толку тежок како што беше проценето претходно, предвидува Меѓународниот монетарен фонд, иако закрепнувањето ќе биде долго и мачно.
Бруто домашниот производ во светот се предвидува да се намали за 4,4% оваа година, што не е толку остар пад како оној од 5,4% кој ММФ го предвиде во јуни.
„Ова се тешки времиња, но има некои причини да се надеваме“, напиша Гита Гопинат, главен економист на ММФ, во полугодишните Светски економски изгледи на Фондот. „Тестирањето е зголемено, третманите се подобруваат и испитувањата за вакцини се одвиваат со невидено темпо“.
Изгледите за 2020 година се подобрија за повеќето напредни економии и големите пазари во развој, вклучувајќи ги САД, еврозоната, Бразил, Русија и Кина. Проценките беа намалени за Индија и Југоисточна Азија.
Според ММФ, исходот ќе бил „многу послаб ако не биле големи, брзи и невидени фискални, монетарни и регулаторни одговори.
Во ажурираниот извештај за македонската економија годинава се проценува дека годинава ќе ја заврши со пад на БДП од 5,4%, што е влошување во однос на априлските проекции кога се предвидуваше пад 4 %.
За идната 2021 година ММФ предвидува раст на македонскиот БДП од 5,5%, што е исто така полошо во однос на април кога се предвидуваше раст од 7%.
Очигледно, лошите резултати во вториот квартал кога економијата забележа рекорден пад од 12,7 отсто
Кина, од каде потекна пандемијата, прва се затвори и прва повторно се отвори и ќе биде единствената голема економија што ќе расте годинава, според ММФ.
За втората најголема светска економија ММФ предвидува раст од 1,9% во 2020 година, што е големо забавување во споредба со растот од 6,1% минатата 2019 година.
Бидејќи падовите нема да бидат толку остри во 2020 година, растот во 2021 година исто така ќе биде помал, соопшти ММФ.
Светскиот БДП ќе порасне 5,2% во 2021 година, што е помалку од претходната проценка за раст од 5,4%.
За повеќето напредни економии, растот во 2021 година нема да биде доволно голем за да ја излечи целата штета направена од коронакризата во 2020 година.
Во САД, растот за следната година се предвидува да биде 3,1%, по падот од 4,3% оваа година. Еврозоната ќе има раст од 5,2% во 2021 година, откако ќе се намали за 8,3% годинава.
Јапонија веројатно ќе забележи раст од 2,3% во 2021 година, по падот од 5,3% во 2020 година.
Подобрените изгледи ММФ ги припишува на подобрите од очекуваните перформанси во напредните економии во вториот квартал, продолжувањето на растот во Кина и знаците за побрзо закрепнување во третиот квартал.
„Додека глобалната економија се враќа во нормала, искачувањето ќе биде долго, нерамномерно и неизвесно“, пишува Гопинат.
Според ММФ, обемот на светската трговија најверојатно ќе порасне за 8,3% во 2021 година, по падна за 10,4% оваа година.
Овие бројки имплицираат дека целосното закрепнување ќе трае неколку години за повеќето земји.
Според ММФ, економскиот раст на Кина ги зголемува глобалните бројки и без Кина „кумулативниот раст за 2020 и 2021 година би бил негативен“.
Додека Кина многу побрзо ќе се врати на преткризните нивоа, на потешко погодените региони како делови од Европа или Латинска Америка, се проценува да се вратата на преткризните нивоа дури во 2023 година.
Извор: Wall Street Journal