Глобалното снабдување со нафта ќе се намали , интензивирајќи ја загриженоста за зголемената инфлација откако групата на нации ОПЕК + го објави своето најголемо намалување на производствот од 2020 година пред ембаргото на Европската унија за руската енергија.

Овој потег го прошири дипломатскиот јаз меѓу блокот поддржан од Саудиска Арабија и западните земји, кои се загрижени дека повисоките цени на енергијата ќе и наштетат на кревката глобална економија и ќе ги попречат напорите да се лиши Москва од приходите од нафта по руската инвазија на Украина.

Глобалните фјучерси на сурова нафта скокнаа оваа недела, враќајќи се на највисоките ниво во последните три недели , откако Организацијата на земјите извознички на нафта и нивните сојузници, вклучително и Русија, вчера се согласија да го намалат производството за 2 милиони барели дневно непосредно пред шпицот на зимската сезона.

Ова веројатно ќе ги зголеми цените на нафтата, особено за нафтата од Блискиот Исток, која задоволува околу две третини од побарувачката на Азија, што ја зголемува загриженоста за инфлацијата во период кога владите од Јапонија до Индија се борат со зголемените трошоци за живот ди одека се очекува Европа да гори повеќе нафта за да го замени рускиот гас оваа зима.

Големото намалување на производствот од страна на ОПЕК + за американскиот претседател Џо Бајден е кусоглед потег. Белата куќа соопшти дека претседателот Џо Бајден ќе продолжи да проценува дали да ги ослободи дополнителните стратешки залихи на нафта на пониски цени.

За аналитичарите намалувањето на производството на нафта од страна на ОПЕК+ се толкува како шлаканица за САД, додека врските помеѓу Саудиска Арабија и Русија изгледаат се поблиски.

Стравувањата се дека овој потег на ОПЕК+ би можеле да ги вратат цените на нафтата на нивото од вториот квартал годинава.

Цената на брент нафтата достигна 139,13 долари за барел во март, што е највисоко ниво од 2008 година, откако војната во Украина предизвика страв од губење на руската набавка на нафта.