Home Вести За користење на царинските терминали ќе се плаќа само со картички

За користење на царинските терминали ќе се плаќа само со картички

Царинската управа ги известува сите корисници на услуги на терминали на граничните премини на Република Северна Македонија со кои стопанисува Царинската управа, дека почнувајќи од 1 септември 2022 година, наплатата на надоместок за користење на терминал ќе се врши само со платежни картички за електронско безготовинско плаќање.

Преоден период до кога ќе се прифаќа и готовинско плаќање на надоместокот за користење на терминал е до 1 октомври 2022 година, после кој плаќањето ќе се врши исклучиво со платежна картичка.

error: Content is protected !!
Exit mobile version