Продажбата на вино во конзерва, сè уште речиси непознато кај нас, станува се повеќе глобален феномен. Овој тренд е особено е популарен кај младите, како и кај потрошувачите кои се грижат за одрлжливоста.
Станува збор за пазарен сегмент кој во 2021 година беше проценет на 241 милион долари, а кој во 2030 година може да надмине 725 милиони долари, со раст од 13% годишно, се вели во неодамнешниот извештај на Straits Research .
Виното во конзерва нуди низа поволности, меѓу кои „достапноста“ како главна придобивка, бидејќи конзервираните вина се поевтини од шишињата со големи димензии. Лименките исто така се полесни за транспорт и овозможуваат во добро вино и надвор од домот или рестран, Конзервите се рециклираат и ја подобруваат корисноста на производот, што се предвидува да го поддржи растот на индустријата.
Зголемената склоност на производителите ги поттикна инвестициите на пазарот, што дополнително го поттикнува целокупниот раст на пазарот.
Најголем пазар за продажба на вина во конзерва е Северна Америка, каде се остваруваат околу 53% од вкупните приходи од продажба. Се проценува дека Азиско Пацифичкиот регион ќе биде најбрзо растечкиот регионален пазар во следната декада. Првенствено на растечкиот тренд во земјите како Кина, Јапонија, Јужна Кореја и Индија. Азиско Пацифичкиот регион е трет по големина пазар за потрошувачка на вино во однос на обемот, а земјите како Индија се сведоци на голема побарувачка за такви производи поради зголемената популарност на виното меѓу младата и работничката класа.
Исто така, во последно време стануваат се погласни повиците винската индустрија да користи сè помалку стакло, а сè повеќе алтернативни пакувања чие производство и транспорт емитуваат помалку CO2. Но, покрај тоа конзервите се полесни за рециклирање од стаклото.
Алуминиумски лименки тежат многу помалку од стаклото и произведуваат помалку од половина CO2 од еквивалентно стаклено шише за еднократна употреба, и тие можат да се рециклираат бесконечен број пати.
За да го намалат јаглеродниот отпечаток многу компании од индустријата за пијалоци почнаа да го заменуваат стаклото со поеколошки пакувања како картон, ПЕТ или лименки, кои имаат помало негативно влијание врз климата“.
Конкретно, картонската амбалажа, т.е. bag-in-box и tetrapack, се посочени како најодржливи амбалажи, но конзервите се исто така поволни, заради нивната помала тежина во споредба со стаклото, но и од нивната ниво на рециклирање, имајќи предвид дека 75% од целиот алуминиум што е произведен во светот сè уште се користи.