Глобалната продажба на алтернативно месо и млечни производи од растително потекло може да се зголеми на 162 милијарди долари во 2030 година, наспроти 29,4 милијарди долари во 2020 година, покажува најновиот извештај на Bloomberg “Plant-Based Foods Poised for Explosive Growth.
Очекувањата се дека продажбата на алтернативи од растително потекло ќе расте со поголемо темпо споредено со растот на продажбите на конвенционалните производи, поддржано од иновациите, зголемениот производствен капацитет, пониските цени на мало, добивките од дистрибуција и поширокото прифаќање од потрошувачите“.
Очекуваните 162 милијарди долари претставуваат 7,7% од очекуваниот глобален пазар на протеини од 2,1 трилиони долари. Месото и рибата од растително потекло би можеле да достигнат 5% (74 милијарди долари) од вкупниот пазар на протеини, додека алтернативните млечни производи да достигнат 62 милијарди долари. Други производи од растително потекло – преливи, зачини и јајца – го сочинуваат остатокот од предвидениот раст (од 2,3 милијарди долари во 2020 година до речиси 26 милијарди долари во 2030 година).
